Фатмир Сејдиу (роден 23 октомври 1951) е Транзиционен Претседател на Косово. Роден е во Пакаштица, село близу Подујево. Сејдиу завршил основно и средно образование во Подујево, а завршил Правен факултет на Универзитетот во Приштина. Тој се здобил со которат и денес е професор на Правниот факултет и Факултетот за политички науки на истот универзитет. На 10 февруари 2006 Косовското Собрание го избира за Претседател на Косово по смртта на дотогашниот претседател Ибрахим Ругова.

Фатмир Сејдиу
Фатмир Сејдиу


Втор Претседател на Косово
Мандат
10 февруари 2006 – 27 септември 2010
Претходник Ибрахим Ругова

Роден 23 октомври 1951
Пакаштице, Косово и Метохија
Партија ДЛК

Фатмир Сејдиу е еден од авторите на таканаречениот „Устав“ на Косово од 2001 г. Тој течно зборува албански, англиски и француски јазик.

Сејдиу живее во Приштина со неговата сопруга и три деца.

Надворешни врски

уреди
Претходник
Ибрахим Ругова
Претседател на Косово
2006–2010
Наследник
Беџет Пацоли