Вајунити
Вајунити, Вајонити или Војунити — јужнословенско племе кое го населило југозападниот дел на Балканскиот Полуостров,[1] односно Македонија кон крајот на VI и почетокот на VII век.[2]
Викиизвор има текст за |
На почетокот го населувале горниот слив на реката Бистрица. Подоцна постепено се поместувале на источниот брег на Јонското Море, каде дошле во контакт со локалното грчко население. Центар на вајунитските населби до 800 година, биле Епир и јужна Албанија. Името Вајунити, според некои историчари, води потекло од нивниот бунтовен карактер. Долго ги задржале традиционалните словенски верувања. Главно занимање им било сточарството.[1]
Во 614-616 година ги пустошеле јужните делови на Илирик и егејските острови, а под водство на кнезот Хацон го нападнале и Солун. Се смета дека првобитно ги населувале териториите западно од Солун, а подоцна се населиле во Епир, каде се зачувани голем број топоними од словенско потекло.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Славяне в Византии — Энциклопедический Фонд“. Архивирано од изворникот на 2015-09-28. Посетено на 2018-02-12.
- ↑ 2,0 2,1 д-р Стојан Киселиновски и д-р (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 94. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help)