Маала (Леринско)
Маала или Махала (грчки: Τροπαιούχος, Тропеухос; до 1929 г. Μαχαλάς, Махалас[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 323 жители (2011), сочинето од Македонци и грчки доселеници.[3]
Маала Τροπαιούχος | |
---|---|
Координати: 40°44.26′N 21°26.29′E / 40.73767° СГШ; 21.43817° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Лерин |
Општ. единица | Кучковени |
Надм. вис. | 700 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 323 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместено во источните пазуви на Нередска Планина, 5 км јужно од Лерин[3] и 3 км југозападно од Кучковени. Крај селото минува Малечка Река.[4]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиОд податоците се гледа дека Маала било македонско село кое во подоцнежниот дел на XIX век станало турско. На почетокот на XIX век францускиот конзул кај Али-паша Јанински Франсоа Пуквил го означил Махала (Machala) како „големо македонско село“.[5][6]
Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Вардар ја означил Маала како македонско село.[5][7]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ за 1873 г. Маала е укажана двапати — еднаш како село Мала (Mala) во Леринската каза со 30 домаќинства и 85 жители Македонци, и вторпат под името Махала (Mahala) како село во Костурската каза со 80 домаќинства сочинети од 60 жители муслимани и 240 Македонци.[8][9]
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Маала живееле 600 Турци и 110 Арнаути муслимани.[10]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Махала се води како мешано албанско-турско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 70 куќи.[11]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 300 жители. Боривое Милоевиќ го спомнува со 100 турски куќи.[3] Во 1920 г. во Маала се попишани 450 жители. Во 1924 г. турските жители се иселени по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место властите довеле 155 грчки дојденци од Источна Тракија и Мала Азија, но поголем број македонски семејства од околните села кои го откупиле земјиштето од турските сопственици.[3] Така, селото станало мешана македонско-грчка населба во која во 1928 г. живееле 430 лица.[3]
Во 1929 г. селото е преминеувано во Тропеухос, што во превод значи „трофејно“.[12]
На пописот од 1940 г. е забележан пораст на 665 жители.[3] Во 1941 г. селото потпаднало под бугарска окупација и воспостравена е бугарска општинска управа.[13] Селото не настрадало во Граѓанската војна, па затоа во 1951 г. имало 664 жители. Подоцна бројот на жителите почнал да опаѓа поради иселувања во прекуокеанските земји и поголемите градови.[3]
Цркви
уредиСелото ги има следниве верски објекти:[14]
- „Св. Ѓорѓи“ — црква изградена во 1910 г.
- „Св. Ѓорѓи“ — параклис
- „Св. Петка“ — параклис
Селска слава е Ѓурѓовден.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 665 | 664 | 552 | 410 | 382 | 359 | 371 | 323 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиСелото важи за доста богато. Населението се занимава со земјоделство и сточарство. Главни производи се јагодите, тутунот и житото, како и сточарските преработки.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μαχαλάς -- Τροπαιούχος
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 161–162.
- ↑ Топографска карта ЈНА 1:100.000.
- ↑ 5,0 5,1 нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ „F.Pouqueville. "Travels in Epirus, Albania, Macedonia, and Thessaly", London: Printed for Sir Richard Phillips and Co, 1820, р.85“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2019-12-13.
- ↑ Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 82-83 и 110-111.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 27.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, мит или реалност, Македонски научен институт, София, 1996, стр. 490.
- ↑ Портал на поранешната Општина Кучковени[мртва врска] (грчки)