Луч
„Луч“ (српски: Луч, во превод Луч т.е Светлина) — месечно списание за културни, економски и социјални прашања. Сопственик бил Ѓорѓи Киселинов, одговорни уредници тој и др. Борис Арсов , а било печатено во скопската печатница „Немања“. Во него соработувале Благој Благоев, Димитар Ѓузелов, Антон Панов, Радослав Петковски, Цеко Стефанов, д-р Т. А. Робе, Глигор Ставридис и др. Подоцна била извршена сопственичка трансформација на списанието во акционерско друштво на 28 лица (1 мај 1938 година). Излегувањето било забрането од јавниот обвинител.[1][2]
Насловна страница на весникот, година ІІ, број 3, 30 март 1938 г. | |
Тип | списание |
---|---|
Сопственик | Ѓорѓи Киселинов |
Уредник | Борис Арсов |
Основан | 1 јуни 1937 |
Јазик | српски |
Седиште | Скопје |
Членови-партнери на предпријатието „Луч“
уредиБрој | Име | Од | Професија |
---|---|---|---|
1 | д-р Теодосиј Робев | Битола | стопанственик, потомок на фамилијата Робеви |
2 | д-р Борис Арсов | Крива Паланка | правник |
3 | проф. Ѓорѓи Киселинов | Ресен | филолог, главен двигател на редакцијата |
4 | д-р Александар Георгиев | Кратово | лекар[3] |
5 | Христо Попсимов | Охрид | поет, правник, внук на Григор Прличев |
6 | д-р Иван Анастасов | Кавадарци | лекар, син на Григор Анастасов |
7 | д-р Петар Здравев | Тетово | лекар, член на Академското друштво „Македонија“ од Женева |
8 | д-р Тодор Хаџимитков | Скопје | ветеринар |
9 | д-р Георги Донов | Ресен | хемичар |
10 | д-р Тодор Мировски | Штип | економист |
11 | Спиро Китинчев | Скопје | виден политичар |
12 | инж. Кирил Жерновски | Дебарско | |
13 | инж. Атанас Атанасов | Куманово | |
14 | инж. Димитар Караџов | Штип | градоначалник |
15 | Тома Кленков | Струга | аптекар во Свети Николе |
16 | Тома (Томче) Попцветанов Кочков | Скопје | бивш учител, |
17 | поп Стоилко Давидов | Кратово | свештеник во Скопје |
18 | Милче Стојанов | Скопје | аптекар |
19 | Антон Панов | Дојран | автор на драмата „Печалбари“ |
20 | Филип Каваев | Струга | учител, автор на патриотски разкази |
21 | Атанас Чорбев | Велес | пратеник |
22 | Сане Санев | Скопје | трговец |
23 | Тихомир Здравев | Скопје | трговец |
24 | Методиј Минчев | Скопје | чиновник |
25 | Коце Ванов | Велес | стопанственик, |
26 | Сотир Тренчев | Ресен | правник, адвокат во Битола |
27 | Цеко Стефанов Попиванов | Скопје, потекло од Кочани | новинар со леви убедувања |
28 | Методи Андонов Ченто | Прилеп | трговец винар |
29 | Трајко Рибарев | Скопје | трговец, потомок на родот Рибреви, член на Македонската младинска тајна револуционерна организација (ММТРО) |
30 | Павле Гичев | Велес | саатџија во Скопје, член на ММТРО |
31 | Андреј Алексов Михајлов | Скопје | трговец, виден член на ММТРО |
32 | Михо Михајлов | Скопје | трговец, член на ММТРО |
33 | Никифор (Форе) Талаганов | Скопје | трговец, член на ММТРО |
34 | Зафир Џиков | Скопје | трговец |
35 | Георги Симонов | Велес | месар |
36 | Васил (Васе) Димитров (Димчев) Пупков | Скопје | книжар и сопственик на печатница[4] |
37 | д-р Милош Јаковлевиќ | Галичник | лекар, чиновник во Бановината[5] |
38 | Аца Цветкович | Битола | началник на одделение во Бановината |
39 | Јосиф Михајловиќ | Тресонче | инженер, бивш градоначалник на Скопје |
40 | Љуба Марковиќ | Дримкол | критичен кон режимот[6] |
Надворешни врски
уреди- Година ІІ, број 3, 1938 Архивирано на 6 март 2016 г.
Наводи
уреди- ↑ Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 389-391
- ↑ Д-р Боро Мокров - М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 65.
- ↑ Църнушанов, Коста. Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него. Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1992, стр. 151.
- ↑ Църнушанов, Коста. Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него. Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1992, стр. 152.
- ↑ Църнушанов, Коста. Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него. Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1992, стр. 152 - 153.
- ↑ Църнушанов, Коста. Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него. Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1992, стр. 153.