Ѓорѓи Киселинов


Ѓорѓи Јакимов Киселинов (Охрид, 16 мај 1888 - Скопје 29 септември 1961) бил македонски славист, лингвист, преведувач, дијалектолог, граматичар, етнограф. Основното образование го добил во родниот град, а потоа завршил Битолската машка класична гимназија (1907), како и курс по грчки јазик. Потоа бил две години учител во Хрупишча и Костур. Завршува Историскофилолошкиот факултет во Одеса (1909–1915). Учествува во Балканските војни, а потоа е професор по старословенски јазик. По Првата светска војна се враќа во Македонија и постојано се мести како гимназиски професор во Охрид, Подгорица, Ресен, Сента, Алексинац, Бијело Поле, Плевља, Ќуприја (Србија), Скопје, Сомбор, Велика Кикинда, и пак во Бијело Поле и Подгорица (1920–1941), а за време на бугарската окупација работи во гимназиите во Скопје (1941–1944).

Ѓорѓи Киселинов
Роден 16 мај, 1888
Охрид
Починал 29 септември, 1961
Скопје

Неспоредно по Ослободувањето подготвува за печат „Кратка македонска граматика“ (25 октомври 1944) и учествува во првата Конференција за македонската азбука и македонскиот литературен јазик (27. XI – 4. XII 1944). Потоа работи како хонорарен преведувач во книгоиздателствата „Култура“ и „Просветно дело“ (1945–1947) и како професор во Економското (1947–1948) и во Средномедицинското училиште (1948–1950). До пензионирањето службува како библиотекар во Ректоратот и во Народната и универзитетска библиотека (1950–1961). Уште како студент во Одеса издава списание „Театръ и танцы“ (1911), а потоа станува коиздавача на „Къ Свету“ и „Славянскiй Югъ“ (1912). Тогаш бил и во блиски односи со Крсте Петков Мисирков.[се бара извор] Подоцна објавуа бројни публикации од областа на фолклорот, јазичариката и етнографијата, а го уредува списание „Луч“ (Скопје, 1937– 1938) и соработува во повеќе списанија, зборници и весници. Автор е и на средношколски граматики и преведувач на публикации.

ЛитератураУреди

  • Една необјавена македонска граматика од 1944 година од Ѓорѓи Киселинов, Охрид, 1991, Д-р Стојан Ристески

Надворешни врскиУреди