Лугунци
Лугунци — село во северниот дел на Општина Велес во сливното подрачје на реката Отовица, во околината на градот Велес.
Лугунци | |
Координати 41°50′4″N 21°46′45″E / 41.83444° СГШ; 21.77917° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Велес |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 29039 |
Надм. вис. | 460 метри м |
Лугунци на општинската карта Атарот на Лугунци во рамките на општината | |
Лугунци на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото е ридско на надморска височина од 460 метри на 17 километри оддалеченост од градот Велес.
Историја
уредиСтопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[2]
Лугунци според пописот од 2002 година имало 10 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 230 | 176 | 195 | 213 | 202 | 60 | 16 | 6 | 12 | 10 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[3]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[4]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]
Родови
уредиЛугунци е македонско село.
Според истражувањата од 1929 година, родови во селото се:
- Божиновци (дел од нив го носат и презимето Лазаровски по нивниот прадедо Лазар кој датира во селото од пред 1900 година)
- Доселеници: В’лкановци доселени се од Егејска Македонија. Во Рудник за нив се зборува дека се доселени од Охридско; Кусевци доселени се од Кривопаланечко; Шоповци се делат на Васевци и Ѓоргијовци, доселени се од некое село Трново над Куманово; Ѓоровци доселени се од кај Гнилане во Косово; Јанкуловци не знаат од каде се доселени. Во Рудник за нив се зборува дека се од околинат на Призрен во Косово; Јовановски дошол како домазет од селото Ѓуземелци, а уште подалечно потекло од Горобинци во Овче Поле.[7]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачкото место бр. 2190 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на објект сопственос здравковиќ росанда во Рудник. Во избирачкото место се опфатени населените места: Лугунци, Рудник, Ветерско.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 31 гласач.[9]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта
- Чучка Чешма — населба од римско време
Редовни настани
уредиЛичности
уредиГалерија
уреди-
Поглед на селото Лугунци
-
Поглед на селото Лугунци
-
Поглед на селото Лугунци
-
Поглед на селото Лугунци
-
Куќи во Лугунци
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Филиповиќ, Миленко (1935). Северна велешка села. Белград: Етнографски музеј.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 8 јануари 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-01-02. Посетено на 8 јануари 2020.
Надворешни врски
уредиОваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |