Луври
Луври (грчки: Λούβρη) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 49 жители (2021).
Луври Λούβρη | |
---|---|
Координати: 40°14′N 21°18′E / 40.233° СГШ; 21.300° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Горуша |
Општ. единица | Цотил |
Надм. вис. | 750 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 49 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Населица, околу 20 км западно од градот Лапчишта и на 5 км западно од селото Цотил, крај патот што води за Гребен, на надморска височина од 750 м.[2]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо ХІХ век Луври било грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Луври живееле 200 Грци.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Луври е претставено како чисто грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот санџак со 40 куќи.[4]
По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Луври (Louvré) има 200 Грци.[5]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Луври живееле 262 Грци христијани.[6]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 304 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 205.[2]
Стопанство
уредиНаселението одгледува жито, компири и други земјоделски производи, а помалку внимание посветува на сточарството.[2]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 159 | 114 | 92 | 52 | 52 | 62 | 42 | 51 | 49 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиВо 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 6 квадратни километри.[2] Општината Луври била приклучена во општината Цотил во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Горуша.
Селото припаѓа на општинската единица Цотил со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Луври, во кој влегуваат е единствено село.
Културни и природни знаменитости
уредиЦркви
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 342.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 273. ISBN 954430424X.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 76.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 226–227.
- ↑ Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.