Либаново

гратче во Катеринско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Лубаново)

Либаново или Лубаново (грчки: Αιγίνιο, Егинио; до 1926 г. Λιμπάνοβο, Либаново[2]) — гратче во Берско, Егејска Македонија, денес во општината Пидна-Колиндар во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 4.153 жители (2011). Сè до 1920-тите Либаново било претежно македонско, а денес е мешано, но со грчко мнозинство.

Либаново
Αιγίνιο
Поглед на Либаново
Поглед на Либаново
Либаново is located in Грција
Либаново
Либаново
Местоположба во областа
Либаново во рамките на Пидна-Колиндар
Либаново
Местоположба на Либаново во округот Пиерија и областа Централна Македонија
Координати: 40°30.8′N 22°32.32′E / 40.5133° СГШ; 22.53867° ИГД / 40.5133; 22.53867
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПиерија
ОпштинаПидна-Колиндар
Општ. единицаЛибаново
Површина
 • Вкупна64 км2 (25 ми2)
Надм. вис.&1000000000000003000000030 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно3.683
 • Густина58/км2 (150/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.603 00
Повик. бр.23530
Рег. таб.KN

Географија

уреди

Гратчето се наоѓа 40 км источно од Бер, 36 км југозападно од Солун и уште толку северно од Катерина.[3]

Историја

уреди

Црквата „Св. Петар и Павле“ од XIV век[4] и црквата „Св. Атанасиј“ од 1600 г. се прогласени за споменици на културата.[4]

Патувајќи низ овој крај, во 1895 г. Густав Вајганд забележал дека во Либаново се зборувало македонски,[3] но дека имало и Турци. За ова говори и фактот што лазарополскиот големец и добротвор Ѓурчин Кокалески (1775-1863) на муслиманските либановци им изградил џамија.[5] На етничката карта на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Либаново е означено како македонско село, иако не е даден бројот на жители.[6][7] Селото, како и неколку околни, било македонско иако се наоѓа јужно од реката Бистрица, што по правило треба да е веќе грчки крај.

Со Букурешкиот договор во 1913 г. Либаново е припоено кон Грција, кога имало 463 жители. На пописот од 1920 г. се заведени дури 852 жители.[3] Во периодот по 1922-23 г. грчките власи во селото населиле вкупно 417 грчки семејства дојдени од Источна Тракија и Бугарија. Меѓу нив, бугарските Грци Кариоти биле дојдени од Кавакли (Тополовград) во Хасковско и Акбунар (Бел Кладенец) во Сливенско.[8]

Во 1926 г. Либаново е преименувано во Егинио. Во 1928 г. е забележано дека, со доселувањата, за кратко време населението речиси тројно се зголемило, достигнувајќи 2.556 жители,[3] од кои 1.810 (околу две третини) биле грчки дојденци.[9]

Во следните десетлетија населението продолжило да расте. Така, во 1940 г. во Либаново се попишани 3.683 жители. Во следните години населбата нараснала уште повеќе, па во 1946 г. е прогласена за градска.[3] Гратчето броело 4.074 во 1951 и 4.271 во 1961 г. Во 1971 г. населението достигнало 4.469 жители, па почнало малку да се смалува, со 4.436 во 1981 и 4.289 во 1991 г.[3]

Денес, Либаново е трето населено место по големина во катеринскиот крај (округот Пиерија), по самиот градот Катерина и гратчето Литохоро.[3] На пописот од 2001 г. во Либаново се заведени 4.280 лица, смалувајќи се на 4.153 жители во 2011 г.

Месности во Либаново преименувани со службен указ на 6 август 1969 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Харамилакас[10] Χαραμίλακκας Капнотопос Καπνότοπος[11] возвишение на Ј од Либаново и на С од Долно Хани (120 м)[10]
Топоница[10] или Топиница Τοπίνιτσα Крионери Κρυονέρι[11] река на И од Либаново[10]
Бара[10] Μπάρα Лимнула Λιμνούλα[11] блато на ЈИ од Либаново[10]
Богаз[10] Μπουγάζι Лемос Λαιμός[11] блато во делтата на Бистрица на И од Либаново[10]
Дамари[10] Νταμάρια Аналипсис Άνάληψις[11] возвишение на СЗ од Либаново и на З од Милово[10]
Неруја[10] Νερούγια Неротопос Νερότοπος[11] месност на СИ од Либаново[10]
Ќошета[10] Κιοσές Делта Δέλτα[11] месност во делтата на Бистрица на И од Либаново[10]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 3.683 4.074 4.271 4.469 4.436 4.289 4.280 4.153 3.683
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Либаново важи за мошне богато место. Покрај разните градски дејности, населението се занимава со земјоделство и лозарство. Подрачјето му опфаќа 64 км2.[3]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λιμπάνοβο -- Αιγίνιον
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 276–277.
  4. 4,0 4,1 „ΥΑ 4701/3-3-1967 - ΦΕΚ 183/Β/16-3-1967“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-11-28. Посетено на 26 октомври 2014.
  5. „„Наказанието" на Ѓурчин Кокалески“. Македонска нација. Посетено на 11 септември 2019.
  6. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902.
  8. „Αιγίνιο: τόπος προικισμένος από τους Θεούς“. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2019-11-09.
  9. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  10. 10,00 10,01 10,02 10,03 10,04 10,05 10,06 10,07 10,08 10,09 10,10 10,11 10,12 10,13 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 11,6 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 496. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος (грчки). Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 150): 1073. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)