Црква „Св. Атанасиј“ - Либаново
црква во Либаново, Берско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Црква Св. Атанасиј“ - Либаново)
Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου Αιγινίου) — доцносредновековна црква во селото Либаново, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Китроско-катеринско-платамонската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Атанасиј | |
---|---|
Αγίου Αθανασίου | |
Фреската „Воведение на пресв. Богородица“, XVI век | |
40°29′57″N 22°32′36″E / 40.49917° СГШ; 22.54333° ИГД | |
Место | Либаново, Берско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | XV век |
Управа | |
Епархија | Китроско-катеринско-платамонска |
Црквата се наоѓа во Каваклиското Маало (Καβακλιωτών). Датира од XV век.[1] Храмот има сложено архитектонско устројство. Во нејзиниот денешен облик претставува двокорабна базилика со дрвен покрив, издигната женска црква на југ и припрата на запад. Апсидата на исток однадвор е тристрана.[1] Во внатрешноста има фрески од крајот на XVI век.[2]
Во 1983 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Ανάδειξη και προστασία μεταβυζαντινών μνημείων της Πιερίας“. Pieria-gr. Посетено на 26 октомври 2014.
- ↑ 2,0 2,1 „ΥΑ ΥΠΠΕ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/12015/247/8-3-1983 - ΦΕΚ 172/Β/11-4-1983“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 5 март 2016. Посетено на 26 октомври 2014.