Милово
Милово (грчки: Μεγάλη Γέφυρα, до 1927 г. Μυλωβός, Миловос[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, денес во општината Пидна-Колиндар на округот Пиерија, Грција.
Милово Μεγάλη Γέφυρα | |
---|---|
Црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото | |
Координати: 40°31.59′N 22°31.33′E / 40.52650° СГШ; 22.52217° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Пиерија |
Општина | Пидна-Колиндар |
Општ. единица | Либаново |
Надм. вис. | 30 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 177 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместено на десниот брег на реката Бистрица и околу 5 км од Либаново.[3]
Историја
уредиНа крајот од XIX век Милово било село во Берската каза. Во црквата „Св. Ѓорѓи“ во XIX век работел кулакискиот зограф Константинос Ламбу, кој ја насликал царската икона на Христос,[4] како и Димитриос и Дакос Хаѕистаматис, кои изработиле низа икони на фризот и растпетието на иконостасот.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Миљово (Милево) живееле 155 Македонци.[6][7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Миљово (Miliovo) имало 216 Македонци, сите под врховенството на Цариградската патријаршија.[6][8]
Во „Етнографија на Македонија“ (1924) Густав Вајганд го опишал Милово како мешано македонско-грчко село,[9] погрешно сметајќи го погрчениот дел Македонците за Грци.
Знаменитости
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1537 г.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 279. ISBN 9989-9819-5-7.
- ↑ Γραίκος, Νικόλαος (2007). Κουλακιώτες ζωγράφοι στην ευρύτερη περιοχή της Κατερίνης κατά τον 19ο αιώνα (грчки). Αθήνα: Εικοστό Έβδομο Συμπόσιο Βυζαντινής και Μεταβυζαντινής Αρχαιολογίας και Τέχνης. Πρόγραμμα και περιλήψεις εισηγήσεων και ανακοινώσεων. Βυζαντινό και Χριστιανικό Μουσείο, 11 – 13/5: Χριστιανική Αρχαιολογική Εταιρεία. стр. 34. Посетено на 15 јуни 2014. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help); no-break space character во|publisher=
во положба 171 (help) - ↑ Γραίκος, Νικόλαος (2007). Κουλακιώτες ζωγράφοι στην ευρύτερη περιοχή της Κατερίνης κατά τον 19ο αιώνα (грчки). Αθήνα: Εικοστό Έβδομο Συμπόσιο Βυζαντινής και Μεταβυζαντινής Αρχαιολογίας και Τέχνης. Πρόγραμμα και περιλήψεις εισηγήσεων και ανακοινώσεων. Βυζαντινό και Χριστιανικό Μουσείο, 11 – 13/5: Χριστιανική Αρχαιολογική Εταιρεία. стр. 35. Посетено на 15 јуни 2014. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help); no-break space character во|publisher=
во положба 171 (help) - ↑ 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 143. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 222–223. no-break space character во
|pages=
во положба 4 (help) - ↑ Вайганд, Густав. Етнография на Македония, т. 1, София, 1992, стр. 465 – 466.