Липси

место во Егејска Македонија

Липси (грчки: Λείψι) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2011 година селото брои 23 жители

Липси
Λείψι
Липси is located in Грција
Липси
Липси
Координати: 40°09′N 21°17′E / 40.150° СГШ; 21.283° ИГД / 40.150; 21.283
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Најм. вис.&10000000000000840000000840 м
Население (2011)[1]
 • Општ. един.23
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.51100
Повик. бр.24620

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на околу 15 километри северозападно од градот Гребен, околу 4 километри јужно од Ванцико.

Историја

уреди

За време на Османлиското Царство

уреди

Кон крајот на XIX век Липси е христијанско грчко село во северниот крај на Гребенската Каза на Османлиското Царство. Во тој и во претходниот период, Липси е мало чифлигарско село на семејството на Хусеин-бег.[2] Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година во Липси живеат 105 Грци христијани.[3]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Липси станува дел на Кралството Грција.

Демографија

уреди

Пописи

уреди

Движењето на населениото по години е следното[4]:

  • 1913 - 100 жители
  • 1920 - 100 жители
  • 1928 - 122 жители

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 158 177 167 93 86 63 75 23
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Официјално семрежно место на Агиос Космос“. Архивирано од изворникот на 2010-02-22. Посетено на 2017-03-21.
  3. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
  4. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје. стр. 121.