Вендиш Еверн
Вендиш Еверн (германски: Wendisch Evern) — општина во округот Линебург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Вендиш Еверн | |
Спомен-камен за капитулацијата на ридот Тимелоберг | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Линебург |
Општ. заед. | Остхајде |
Месни единици | 5 |
Градоначалник | Клеменс Ледер (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 14,9 км2 |
Надм. височина | 59 м |
Население | 1.826 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 123 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | LG |
Пошт. бр. | 21403 |
Повик. бр. | 04131 |
Местоположба на Вендиш Еверн во рамките на округот Линебург | |
Координати | 53°13′0″N 10°28′0″E / 53.21667° СГШ; 10.46667° ИГД |
Географија
уредиОпштински единици
уредиОпштината Вендиш Еверн се состои од следниве единици:
- Гексе
- Вендиш
Исто така, кон нејзе припаѓаат манастирскиот дворец Вилердинг.
Историја
уредиНа 4 мај 1945 година на ридот Тимелоберг, германска делегација под водство на Ханс-Георг фон Фридебург потпишала документ во присуство на британскиот фелдмаршал Бернард Монтгомери за неусловно предавање на трите германски армии во Северозападна Германија. Ова стапило на сила на 5 мај во 7 часот. Со потпишувањето на договорот, Втората светска војна завршила во овој дел на Германија.[2]
По војната бил подигнат споменик од Британците на „Победничкиот рид“, како што го нарекувале. Споменикот бил изваден во 1958 година и повторно поставен во Кралската воена академија Зандхурст. Денес, местото е воена област и не е пристапно. Во 1995 година бил поставен друг споменик, надвор од таа зона.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Helmut C. Pless: Lüneburg 45 Verlag Landeszeitung Lüneburg, 1982
- ↑ Grube, Michael (2005-04-05). „4. Mai 1945 - Kapitulation auf dem Timeloberg bei Lüneburg“ (германски). Посетено на 2008-05-13.
Надворешни врски
уреди- Вендиш Еверн на Ризницата ?
Оваа статија за место во Долна Саксонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |