Лилиентал
Лилиентал (германски: Lilienthal; долногермански: Leendaal или Lelendaal) — општина во округот Остерхолц, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи непосредно со градот Бремен.
Лилиентал | |
Трамвајот низ Лилиентал | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Остерхолц |
Градоначалник | Кристијан Вилем Тангерман (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 72,03 км2 |
Надм. височина | 0−12 м |
Население | 20.293 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 282 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OHZ |
Пошт. бр. | 28865 |
Повик. бр. | 04298 |
Портал | www.lilienthal.de |
Местоположба на Лилиентал во рамките на округот Остерхолц | |
Координати | 53°08′0″N 8°55′0″E / 53.13333° СГШ; 8.91667° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиЛилиентал се наоѓа околу единаесет километри североисточно од центарот на градот Бремен, на работ на мочуриштето Тојфелсмор. Низ општината течат реките Верпе и Виме.
Општински единици
уредиОпштината Лилиентал се состои од следниве единици:[2] (во заградите бројот на жители, сост. 10 јануари 2012 г.)
- Лилиентал (13.005)
- Ворпхаузен (2.334)
- Санкт Јирген (1.592)
- Зеберген (838)
- Хајдберг (309)
Соседни општини
уредиЛилиентал на север се граничи со Остерхолц-Шармбек и Ворпсведе, на исток со Грасберг, на југоисток со Отерсберг, на југ со Бремен и на запад со Ритерхуде.
Историја
уредиЛилиентал припаѓал на Архиепископијата Бремен.
Манастир Лилиентал
уредиИсторијата на Лилиентал започнува со основањето на манастирот од архиепископот Герхард II. Во 1232 година започнала изградбата на цистерцијански манастир под името „Валис Лилиорум“ (Vallis Liliorum) и завршената градба била осветена во 1264 година. Во текот на XV век, манастирот го имал својот просперитет. По реформацијата, станал женски лутерански манастир и до крајот на Триесетгодишната војна во 1648 година останал во бедни услови. Во 1650 година градот поминал низ процес на секуларизација. Некогашната земја на манастирот била поделена и од нејзе се развил Лилиентал.
Шведска и Хановер
уредиВо 1648 година согласно мировниот договор со кој завршила Триесетгодишната војна (Вестфалски мир), Архиепископијата станала Војводство Бремен, кое било владеено со Кнежевство Ферден, кое отпрвин било владеен како личен сојуз од Шведска. Кралицата Кристина пратила еден од своите команданти, грофот Фридрих фон Хесен-Ешвеге, во новосоздаденото Грофовија Остерхолц, кое било надлежно за Лилиентал и Остерхолц. По неговата рана смрт во 1655 година, неговата жена Елеонова ја презела власта над грофовијата со седиште во Остерхолц, каде земала активна улога во подобрувањето на стопанските и санитарните услови на руралното население. По нејзината смрт во 1692 година, грофовијата преминало во рацето на шведското благородништво. Лилиентал останал дел од шведскиот Бремен-Ферден до 1712 година (поради што грбот ги содржи сината и жолтата боја на шведското знаме), кога бил окупиран од Данска, а потоа во 1719 година преминал под суверенитет на Изборно кнежевство Хановер, кое го владееле Бремен-Ферден во личен сојуз.
Во 1740 година, градбите на манастирот, освен таа на црквата, биле срушени.
Астрономија во Лилиентал
уредиВо 1782 година, Јохан Хироним Шретер станал управител. Покрај административната служба посветил голем дел од животот на напредување на астрономијата. Во неговата канцеларија во Лилиентал направил опсерваторија. Во следните години, опсерваторијата во Лилиентал станала најдобро опремената опсерваторија во светот. Еден од неговите технолошки пронајдоци бил „огромниот телескоп“ (Riesenteleskop), телескоп со 50,8 см бленда и 8,25 м фокусно растојание. Поради телескопот, Лилиентал станал добро познат и бил баран од владини и воени службеници. Шретер останал во контакт со бројни важни астрономи од тоа време. Заедно со Хајнрих Вилхелм Олберс и други научници го основал Астрономското друштво Лилиентал во 1800 година. Астероидот 3 Јунона бил откриен на 1 септември 1804 година од К. Хардинг во опсерваторијата. По смртта на Шретер во 1816 година, опсерваторијата почнала да пропаѓа. Во 1850 годината градбата била уништена. Голем дел од опсерваторијата бил испратен во Гетингенскиот универзитет пред рушењето.
XIX век
уредиВојната за ослободување, дел од Наполеоновите војни, го погодила Лилиентал доста силно. По инцидент при повлекувањето, француските трупи го запалиле целото село. Единствено црквата, неколку куќи и опсерваторијата биле спасени од пожарот (но опсерваторијата била ограбена и биле уништени важни снимки).[3]
Во 1823 година, Бремен-Ферден бил обединет во вистински сојуз со Кралството Хановер и територијата станала дел од областа Штаде. Во 1866 година, Кралството Хановер ја изгубило својата независност. Лилиентал станал пруски, а во 1885 година амтот Лилиентал бил распуштен и бил споен со тоа во Остерхолц за да го создадат округот Остерхолц.
XX и XXI век
уредиПо обновата, општината започнала да се развива брзо. Во 1939 година имала 3.100 жители, а во 1974 година 12.500 жители. Откако истата година кон општината биле припоени неколку соседни села, населението пораснало на 17.000 жители.
Од 1900 до 1956 година, Лилиентал бил поврзан со Бремен и со мочуришната областа северно од општината со тесна железница. Денес, пругата се користи како велосипедска патека.
Од 1 август 2014 година јавниот превоз во Лилиентал е дополнет со линијата 4 на Бременскиот трамвај, кој поминува низ главната улица.
Галерија
уреди-
Манастирската црква „Св. Богородица“
-
Општинското собрание и манастирската црква
-
Главната улица со линијата на трамвајот
-
Црквата „Св. Ѓорѓи“ во местото Санкт Јирген
-
Кулата на ветерницата во местото Франкенбург
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Gemeindebroschüre – Lilienthal in Zahlen, Seite 43 Архивирано на 4 март 2016 г., abgerufen am 18. Mai 2015
- ↑ „Astronomical Serendipity“. NASA JPL. 2002. Архивирано од изворникот на February 6, 2012. Посетено на May 20, 2011.