Ритерхуде
Ритерхуде (германски: Ritterhude; долногермански: Hu’e) — општина во округот Остерхолц, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Хаме, околу 6 километри југозападно од Остерхолц-Шармбек и 13 километри северозападно од Бремен, со кога и непосредно се граничи.
Ритерхуде | |
Општинското собрание | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Остерхолц |
Месни единици | 6 |
Градоначалник | Сузане Гајлс (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 32,86 км2 |
Надм. височина | 10 м |
Население | 14.733 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 448 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OHZ |
Пошт. бр. | 27721 |
Повик. бр. | 04292 |
Портал | www.ritterhude.de |
Местоположба на Ритерхуде во рамките на округот Остерхолц | |
Координати | 53°10′59″N 8°45′22″E / 53.18306° СГШ; 8.75611° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиОпштинското подрачје опфаќа мочурлив терен околу реките Хаме и Виме.
Општински единици
уредиДенешната општина Ритерхуде се состои од некогашните самостојни општини: во заградите бројот на жители во 2013
- Илпол (2.387 жители)
- Лезумстотел (759 жители)
- Платјенвербе (2.326 жители)
- Ритерхуде (8.394 жители)
- Штендорф (556 жители)
- Вершенреге (397 жители)
Соседни општини
уредиРитерхуде се граничи на север со градот Остерхолц-Шармбек, на исток со Лилиентал, на југ со градот Бремен и на запад и северозапад со Шваневеде.
Историја
уредиПрвпат е споменат во 1182 година во документ на манастирот од Остерхолц. Куќата „фон дер Худе“ е спомната првпат во документ од 1185 година. Замокот „Худа“ бил користен во 1309 година за да го штити речниот премин на Хаме. Бројот на жители се зголемил од 52 семејства во 1568 година на 89 во 1710 година. Во 1757 година, замокот и мостот биле уништени во Седумгодишната војна.
Ритерхуде припаѓал на Архиепископијата Бремен. Во 1648 година, Архиепископијата станала Војводство Бремен, кое првин било владеено во личен сојуз од Швеѓаните, а од 1715 година натаму од хановерската династија. Во 1823 година, Војводството било укинато и неговата територија станала дел од областа Штаде.
Сообраќај
уредиЖелезничката станица Ритерхуде е поврзана со С-железницата на Германските железници.
Галерија
уреди-
Дамгут
-
Ристурнхале
-
Црквата во Ритерхуде
-
Железничката станица