Гетингенски универзитет

Гетингенски универзитет (германски: Georg-August-Universität Göttingen; службено наречен Гетингенски универзитет „Георг Август“) — истражувачки универзитет во градот Гетинген, Германија. Бил основан во 1734 година од Џорџ II, крал на Велика Британија и изборен кнез на Хановер и започнал со работа во 1737 година, со што универзитетот е најстар во сојузната покраина Долна Саксонија и најголем по број на студенти, што е околу 31.500 студенти.[5] Дом на многу познати личности, универзитетот претставува една од историските и традиционални установи во Германија. Гетинген е наречен „град на науката“.[6]

Гетингенски универзитет
Georg-August-Universität Göttingen
латински: Universitas Regiæ Georgiæ Augustæ
ГеслоIn publica commoda (латински)[1]
На македонски
За доброто на сите
Видјавен
Основан1734
Буџет1,119 млрд. [2]
ПретседателУлрике Бајзигел
Административен кадар
4.446[3]
Студенти31.500[4]
МестоГетинген, Германија
www.uni-goettingen.de
Гетингенски универзитет

Гетингенскиот универзитет бил претходно поддржуван од иницијативата на сојузното министерство за извонредност, има членство во „Група Коимбра“ и се поврзува со над 40 добитници на Нобелова награда. Понатаму, универзитетот одржува силни врски со големи истражувачки институти со седиште во Гетинген. Со околу 8 милиони единици материјал, Гетингенската државна и универзитетска библиотека спаѓа меѓу најголемите библиотеки во Германија.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Universität Göttingen (5 октомври 2009). „Leitbild für Alumni Göttingen“. Посетено на 17 јули 2017.
  2. „Tabelle: Finanzhilfe, Sondermittel, Drittmittel der Georg-August-Universität Göttingen (mit Medizin)“ (PDF). Гетингенски универзитет (германски). Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-03-10. Посетено на 22 јуни 2017.
  3. „Beschäftigte (Personenzählung) an der Georg-August-Universität Göttingen (mit Medizin)“ (PDF). Гетингенски универзитет (германски). Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-07-23. Посетено на 22 јуни 2017.
  4. „Studierende (Personenzählung) an der Georg-August-Universität Göttingen (mit Medizin)“ (PDF). Гетингенски универзитет (германски). Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-11-16. Посетено на 22 јуни 2017.
  5. „Studierende (Personenzählung) an der Georg-August-Universität Göttingen (mit Medizin)“ (PDF). Гетингенски универзитет (германски). Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-11-16. Посетено на 22 јуни 2017.
  6. „Göttingen Tourismus“. Goettingen-tourismus.de. 4 јануари 2017. Посетено на 9 февруари 2017.

Надворешни врски

уреди

51°32′31″N 9°56′04″E / 51.54194° СГШ; 9.93444° ИГД / 51.54194; 9.93444