Ореово (Лески)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Ореово

Карта

Местоположба 41°51′43″N 22°27′37″E / 41.86194° СГШ; 22.46028° ИГД / 41.86194; 22.46028
Основни податоци
Место Лески
Општина Виница
Тип

 населба  некропола


Период римско време
Портал „Археологија“

Ореовоархеолошко наоѓалиште кај виничкото село Лески. Претставува населба и некропола од римско време.

На 2 км југоисточно од селото, од левата страна на селскиот пат Лески - Зрновци, во подножјето на Плачковица, на површина од околу 12 хектари се среќава множество фрагменти од керамички садови, а од градежен материјал покривни ќерамиди, тули и кршен камен. Најдена е згура од топени метали, како и повеќе монети кои не се зачувани.

На источната страна на наоѓалиштето се пронајдени неколку гробови со камени конструкции, а на околу 500 м југозападно од него, при каптирањето на изворите за современиот водовод е откриен дел од инсталациите на стариот римски водовод.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 99. ISBN 9989-649-28-6.