Ла Чунга
Ла Чунга (англиски: Micaela Flores Amaya, La Chunga, (Тешка жена), родена во 1938 година во Марсеј) е шпанска фламенко танчерка и сликарка на наивна уметност.[1]
Биографија
уредиМикаела Флорес Амаја е родена во Марсеј во 1938 година, иако точниот датум на нејзиното раѓање останува непознат. Нејзините родители биле андалусиски Роми кои емигрирале во Франција за време на шпанската граѓанска војна. Кога имала неполна година, семејството на Микаела се преселило во Барселона.
Почнала да танцува кога имала шест години во „Ca La Rosita“, позната бакалница на ромската заедница во Ел Побл-Сек, Барселона. Во тоа време, ја открил сликарот по име Пако Ребес, кој подоцна станал нејзин кум и заштитник, за време на еден од нејзините импровизирани улични претстави и ја зема под свое туторство.[2] Микаела Флорес Амаја станала муза на неколку писатели како Блас де Отер, Рафаел Албертија, Хосe Мануел Кабалер Боналда, Леон Фелипе и неколку сликари, вклучувајќи ги Пикасо, Дали и Франциско Ребес, кои ја направиле привлечен лик за интелектуалци и ја охрабриле да слика. На фотографијата од 1958 година Салвадор Дали ја поканува да се занимава со уметност танцувајќи на празно платно. За време на интервалот, Дали ги сликал нејзините нозе.[3] Таа била позната по својот стил на босоного танцување на фламенко и била опишана како „Боса танчерка“.[4] Пикасо и се восхитувал како на „брилијантна наивност“.[5] Исто така имала изложби и во неколку галерии во Париз и Мадрид.
Пастора Империо потпишала договор со неа во 1956 година и благодарение на Ава Гарднер учествувала во два холивудски филма. Стопанственикот Саливан ја претставил во Лас Вегас и учествувала во разни ТВ-програми во САД и Мексико.
Оттогаш учествувала на многу турнеи и на некои филмови. Таа се омажила за филмскиот режисер Хосе Луис Гонзалво со кого ја добиле ќерката Пилар.
Филмографија
уреди- Совет за мртов џокеј [6] (1957), во режија на Ричард Торп.
- Назад кон вратата [7] (1959), во режија на Хосе Марија.
- El último verano (Последното лето) [8] (1961), во режија на Хуан Бош.
- Хуан Педро Скитер [7] (1969), во режија на Хосе Луис Гонзалво.
- Cierto reflejos: La Chunga [7] (1978), во режија на Марио Гомес Мартин.
- Вампир во Венеција [9] (1988), во режија на Аугусто Каминито.
- Papa Piquillo (Папа Пикуиљо) [7] (1998), во режија на Алваро Саенз де Хередија.
Награди
уреди- Медаља Oro del Círculo de Bellas Artes de Madrid,
- Медаља Oro de la Asociación de la Prensa de Sevilla
- Trofeo Delfín de Alicante
- Premio del Ayuntamiento de Alicante
- Premio Cidale de los Almendros.
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ Encyclopedia of Women in Today's World, Volume 1, ed. by Mary Zeiss Stange, Carol K. Oyster, and Jane E. Sloan, SAGE Publications (2013)
- ↑ „LA CHUNGA“. BIOGRAFÍA DE LA BAILAORA DE FLAMENCO LA CHUNGA (шпански). La Academia de las Artes y ciencias del Flamenco. Посетено на 25 March 2017.
- ↑ The "Gypsy " Chronicles photo posted on Facebook, October 6, 2015
- ↑ Id.See also Encyclopedia of Women's History, Vol. 1, supra.
- ↑ Id.
- ↑ Thorpe, Richard (1958-03-28), Tip on a Dead Jockey, Посетено на 2016-03-05
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 IMBd, La Chunga
- ↑ Bosch, Juan (1963-04-19), El último verano, Посетено на 2016-03-05
- ↑ IMDb, La Chunga