Кусороб
Кусороб или Косруп (грчки: Μεσορόπη, Месоропи) — село во Правишко, Егејска Македонија, денес во општината Кушница на Кавалскиот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 467 жители (2021).
Кусороб Μεσορόπη | |
---|---|
Поглед на селото | |
Координати: 40°52′N 24°5′E / 40.867° СГШ; 24.083° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Кавала |
Општина | Кушница |
Општ. единица | Пиери |
Надм. вис. | 310 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 467 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во југозападните падини на планината Кушница, околу 20 км југоисточно од гратчето Правишта, на надморска височина од 310 м.[2]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Кусороб било грчко село во Правишката каза на Драмскиот санџак. Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Кусороб:
„ | Косруп, христијанско село; една црква, едно училиште. Дел од населението се занимава со земјоделство, а другиот со ткаенини од кожа (мутафчилак). Жителите се Грци. Од градот е на растојание од 4 часа.[3] | “ |
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Кусороб имало 780 жители Грци.[4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кусороб или Косруп (Koussorob, Kosroup) имало 755 Грци.[5]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 1.478 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 866 лица.[2]
Во 1923 г. во селото биле населени десеттина бегалски семејства (вкупно 47 бегалци).[2]
Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 1.456 жители.[2]
Стопанство
уредиОбработливите површини на селото се мошне ограничени поради својата местоположба. Главни земјоделски производи се тутун и пченица. Во минатото, сточарството било поразвиено, но денес нема посебно значење.[2]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.400 | 1.309 | 1.207 | 802 | 735 | 648 | 610 | 456 | 467 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиВо 1919 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 28 квадратни километри.[2] Општината Кусороб била приклучена во општината Пиери во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Кушница.
Селото припаѓа на општинската единица Пиери со седиште во селото Моштијан, која припаѓа на поголемата општина Кушница, во округот Кавала. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Кусороб, во кој е единствено село.
Општествени установи
уреди- Полициска станица
Културни и природни знаменитости
уредиМостови
- Махмуд-агин мост — стар камен мост во источниот дел на селото
- Клоторски мост — стар камен мост на реката Лаџа кај селото
Личности
уредиРодени во Косоруб
- Димитриос Хаѕулас — андартски капетан
- Панкратиј Ксулогис (р. 1944) — грчки духовник
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 228.
- ↑ Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 50.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 201. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 232–233. no-break space character во
|pages=
во положба 4 (help)