Кременска Река

река во Општина Банско, Пиринска Македонија

Кременска Река или Лакинска Река (бугарски: Кременска река, Лъкинска река) — река во Северен Пирин, на територијата на Општина Банско, Пиринска Македонија, десна притока на Места. Долга е 12 км и го носи името на селото Кремен, низ чиј атар минува.[1]

Кременска Река
Лакинска Река
Местоположба
МестоБанско, Пиринска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоАјдучки Кладенец, с. Кремен, Општина Банско
 • надм. вис.1.727 м
Устие 
 • место
р. Места кај с. Места, Општина Банско
 • надм. вис.
302 м
Должина12 км
Големина на сливот25 км2
Проток 
 • просечен0,5 м3
Особености на сливот
ТечениеМестаЕгејско Море

Река започнува од атарот на с. Кремен во месноста Ајдучки Кладенец (Харамибунар), североисточно од врвот Човеко. Тече на исток и јужно од селото се влева во десниот брег на Места.

Најголема притока е реката Старите Чаркови (десна). Сливот на Кременска Река зафаќа 25 км2 и има средна надморска височина од 1.325 м. Се напојува од дожд и снег; најполноводна е напролет, а најслабоводна е лете и наесен.[1]

Во Кременска Река се забележуваат мрената и речната пастрмка. Долината е всечена во гранити. Во горниот дел, поречието е пошумено со бел бор, муника и смрча, во средниот со бука и бел бор, а во долното течение со благун, габер и црн бор.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 467. ISBN 954-90006-1-3.