Масакр во Кремен
Масакр во Кремен — злосторство извршено од страна на четниците на Ванчо Михајлов, односно припадници на ВМРО (Автономистичка) врз македонското население во Пиринска Македонија.[1][2]
Настан
уредиПо повод убиството на царскиот агент Тодор Александров, четниците на Ванчо Михајлов, по наредба на бугарските царски власти почнале невиден терор врз населението во Бугарија и Пиринскиот дел на Македонија.[1]
Во селото Кремен, биле обвинети за непочитување на организацијата на царските автономисти и подложени на жестоко тепање 40-тина селани. Шестмина од нив биле убиени, според други извори, станува збор за седум убиства.[2] Од ова село бил тепан учителот Георги Москов, кметот Димитар, Григор Парпалев, експертот на тутунската кооперација во Разлог, Георги Стефанов Килов, наречен Правото и уште двајца селани.[1]
На патот меѓу Добриниште и Банско тие ги обесиле кметот Димитар и Григор Парпалев. Другите двајца ги обесиле меѓу Бања и Банско, додека учителот Георги Москов и Ѓузданов биле убиени во еден дол под селото Добриниште.[1]