Кочана
Кочана (грчки: Περαία, Переја, до 1927 г. Κότσανα, Коцана[2]) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 381 жител (2011).
Кочана Περαία | |
---|---|
Координати: 40°44.25′N 21°49.38′E / 40.73750° СГШ; 21.82300° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Воден |
Општ. единица | Островско Езеро |
Надм. вис. | 640 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 381 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа јужно од гратчето Острово, крај југоисточниот брег на Островското Езеро, на надморска височина од 640 м.[3] Атарот зафаќа површина од 46 км2, од кој поголемиот дел се простира на северозападниот дел од планината Каракамен.[3]
Историја
уредиОсманлиско време
уредиВо 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Кочено како македонско[4] село.[5]
На почетокот на XX век Кочана било се ло во Кајларската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в Кочане (Коченъ) живееле 1.500 Турци.[6]
Припојување кон Грција
уредиСо Букурешкиот договор во 1913 г. Кочана е припоено кон грчката држава, кога имало 1.409 жители.[3] Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го води селото со 350 турски куќи.[3] Во 1924 г. населението, како турско, е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци од Мала Азија[3]. Во 1927 г. селото е преименувано во Переја. Според Симовски, во 1928 г. селото имало 986 жители, но официјалната грчка статистика за таа година дава 588 жители (136 семејства).[7]
Во селото има етнографски музеј.[8]
Население
уредиНамалувањето на населението низ децениите се должи на иселувањето на жителите, претежно во Кајлари.[3]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 713 | 628 | 582 | 500 | 461 | 399 | 352 | 381 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Кочана, во кое е единственото населено место.
Стопанство
уредиГлавно занимање на населението е производството на жито, тутун и леќа, а делумно се развиени лозарството и сточарството.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κότσανα - Περαία
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 51.
- ↑ нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика
- ↑ Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 271
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Δήμος Βεγορίτιδας. Ιστορικά & Θρησκευτικά Μνημεία[мртва врска]