Островско Езеро (грчки: Βεγορίτιδα, Вегоритида) — езеро во Егејска Македонија, денес во Грција, дел од групата на Егејските езера. Понекогаш се среќава и под името Свети Панталејмон.

Островско Езеро
Βεγορίτιδα
Карта на Островското и Петерското Езеро
Карта
Координати40°45′N 21°47′E / 40.75° СГШ; 21.78° ИГД / 40.75; 21.78
Сливни земјиГрција
Најг. должина14,8 км
Најг. ширина6,9 км
Површина&1000000000000543100000054,31 км2
Најг. длабочина70 м
Надм. височина543 м
Населени местаОстрово, Пателе
Рибари во Островско Езеро за време на Првата светска војна.

Езерото зафаќа дел од териториите на Леринскиот и Постолскиот округ. Во североисточниот дел на Островската Котлина меѓу планините Ниџе на север и Каракамен на југ. Надморска му висина изнесува 543 м. Тоа е едно од најдлабоките езера во Грција (70 метри). Тоа е долго 15, а широко 7 километри,[1] но неговата површина е многу намалена по изградбата на две хидроцентрали кај Суровичево и Теово, така што денес неговиот југозападен дел е наполно пресушен. Езерото се полни од Петерското Езеро, западно од него, како и од реките Биралска, Ословска и Делова (Аспропотамос) и некои други помали рекички.

Езерското подрачје има повеќе населени места кои припаѓаат на општините Воден и Суровичево. Покрај градот Острово (Арниса) и селото Чеган од неговата северна страна, по крајбрежјето се сместени селото Пателе (Агиос Пантелејмонас) од западната и селата Коларица (Мањаки), Уклемеш (Фаранги) и Кочана (Переја) од источната страна.

Фауна

уреди

Островското и Петерското Езеро сочинуваат заеднички екосистем, во кој живеат повеќе од 130 видови птици, цицачи како и видри и уникатни видови риби како Coregonus lavaretus. На овој простор е живеалиште и на ретки и загрозени видови птици.

Тука се гнездат:

Пошироко кај езерото исто така гнездат:

Можат да се забележат и:

Меѓу водните птици можат да се видат:

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Александар Матески, „Островско и Петерско Езеро“, Економија и бизнис, година 27, број 319, 15 септември 2024, стр. 52.