Корален остров ― вид остров образуван од корални остатоци и од поврзан органски материјал.[1] Се јавува во тропски и суптропски области, обично како дел од корален гребен кој пораснал за да покрива далеку поголема површина под морето.

Корален остров на Малдиви.

Екосистем

уреди
 
Здрав гребенски систем.

Коралните гребени се едни од најстарите екосистеми на планетата, со текот на геолошкиот период образувајќи масивни гребени од варовник. Околината на гребенот поддржува повеќе растителни и животински видови од кое било друго живеалиште.[2][3] Коралните гребени се од витално значење за животот за повеќе аспекти, од кои некои вклучуваат структура, екологија и циклуси на хранливи материи кои ја поддржуваат биолошката разновидност во гребените.

Коралните гребени градат масивни варовнички скелети кои служат како домови за животни како што се рибите кои се кријат во дупките и пукнатините на гребенот и животните од поткласата Cirripedia кои се прикачуваат директно на структурата на коралите. Структурите, исто така, им помагаат на растенијата на кои им е потребно сонцето за фотосинтеза, со подигање на растенијата до површината на океанот каде сончевата светлина може да навлезе во водата. Структурите создаваат и мирни зони во океанот обезбедувајќи место за раст на рибите и растителните видови.

Со текот на геолошкото време, гребенот може да стигне до површината и може да стане корален остров, каде што започнува сосема нов екосистем за суштества од копно.[4]

 
Вулкан со гребен на рабовите, до преграден гребен и конечно образување во корален атол.

Еден корален остров започнува како вулкански остров над жариште. Како што вулканот излегува од морето, на периферијата на вулканот расте гребен со раб. Вулканот на крајот се поместува од жариштето преку постапка позната како тектоника на плочите. Штом се случи ова, вулканот повеќе не може да биде во чекор со ерозијата на брановите и се подложува на слегнување.

Откако островот ќе биде потопен, коралите мора да продолжат да растат за да останат во фотиската зона. Ова предизвикува коралите да прераснат во атол со плитка лагуна во средината. Лагуната потоа може да претрпи акреција и да создаде остров целосно направен од карбонатни материјали. Постапката подоцна е зајакната со остатоци од растителен свет кој расте на островот.[5]

Распространетост

уреди

Повеќето од коралните острови во светот се наоѓаат во Тихиот Океан. Соединетодржавските територии наЏарвисовиот Остров, Бејкеровиот Остров и Хауленд се јасни примери на корални острови. Територијата на Сојузната територија Лакадиви во Индија е група од 39 корални острови, заедно со некои помали островчиња и брегови. Некои од островите кои припаѓаат на Кирибати се сметани за корални острови. Малдивите се состојат од корални острови. Островот Свети Мартин е 8 км2 корален остров кој се наоѓа во Бангладеш. Коралните острови се наоѓаат во близина на Патаја и Ко Самуи, Тајланд.[6]

Екологија

уреди
 
Обелен корали поради зголемена температура на морето, зголемена киселост или загадување.

Коралите се важни за биоразновидноста и растот на населенијата на риби, па затоа е важно одржувањето на коралните гребени. Многу корални острови се мали со мала надморска височина над морското ниво. Така тие се загрозени од бури и покачување на нивото на морето. Преку хемиски и физички промени, луѓето можат да предизвикаат значителна штета на гребените системи и да го забават создавањето на синџири на корални острови.[4]

Коралните гребени се загрозени од бројни човечки влијанија, од кои некои веќе имале големи ефекти ширум светот.[7] Гребените растат во плитки, топли води сиромашни со хранливи материи, каде што не се надвладеани од фитопланктонот. Со додавање на ѓубрива во истекувањето на водата, населенијата на фитопланктоните можат да се преразмножат и да ги задушат системите на коралните гребени. Додавањето премногу седименти може да предизвика сличен проблем со блокирање на Сонцето, изгладнување на зооксантелите кои живеат на коралите, предизвикувајќи тие да се подложат на постапка познат како белење на коралите.

Киселоста на океанот е исто така фактор. Коралот е направен од калциум карбонат и се раствора со јаглеродна киселина. Со зголемувањето на јаглерод диоксидот од реакциите на согорување во атмосферата преку врнежите, јаглерод диоксидот се меша со вода и образува јаглеродна киселина, зголемувајќи ја киселоста на океанот што го забавува растот на коралите.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „coral island“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 9 октомври 2022.
  2. Barnes, R.S.K.; Mann, K.H. (1991). Fundamentals of Aquatic Ecology. Blackwell Publishing. стр. 217–227. ISBN 978-0-632-02983-9.
  3. Fuchs. T (2013). „Effects of Coral Reef Complexity on Invertebrate Biodiversity“. Immediate Science Ecology Publishing: 1–10. Архивирано од изворникот на 2 април 2015.
  4. 4,0 4,1 Heatwole, Harold (1981). A Coral IslandL The story of One Tree Island. Australia: William Collins. стр. 130. ISBN 978-0002164429.
  5. Erickson, Jon (2003). Marine Geology: Exploring New Frontiers of the Ocean. United States: Facts on File, Inc. стр. 126. ISBN 978-0816048748.
  6. Andréfouët, Serge; Guzman, Hector M. (1 март 2005). „Coral reef distribution, status and geomorphology–biodiversity relationship in Kuna Yala (San Blas) archipelago, Caribbean Panama“. Coral Reefs (англиски). 24 (1): 31–42. doi:10.1007/s00338-004-0444-4. ISSN 0722-4028.
  7. SEBENS, KENNETH P. (февруари 1994). „Biodiversity of Coral Reefs: What are We Losing and Why?“. American Zoologist (англиски). 34 (1): 115–133. doi:10.1093/icb/34.1.115. ISSN 0003-1569.