Островот Џарвис или Џарвисов Остров (англиски: Jarvis Island) е мал остров во Тихиот Океан, на половина пат помеѓу Хаваите и Куковите Острови. Островот е ненаселен и со него управува Управата за лов и риболов на САД (англиски: United States Fish and Wildlife Service).

Карта на островот Џарвис
Карта на Линиските Острови.

Има површина од 4,5 км2 и лежи на координатите 0° 22′ 0" јужна географска ширина и 160° 3′ 0" западна географска должина.

На островот се наоѓа и повремената населба Милерсвил.