Константин I (Грција)

(Пренасочено од Константинос I)

Константин I (грчки: Κωνσταντῖνος Αʹ, Βασιλεὺς τῶν Ἑλλήνων, Konstantínos Αʹ, Vasiléfs ton Ellínon; роден на 21 јули 1868 во Атина– починал на 11 јануари 1923 во Палермо) бил крал на Грција во периодот од 5 март 1919 до 30 мај 1917, како и од 6 декември 1920 до 14 септември 1922 година.

Константин I
Κωνσταντῖνος Αʹ, Βασιλεὺς τῶν Ἑλλήνων
Крал на Елените
На престол18 март 1913 – 11 јуни 1917
ПретходникГеорги I
НаследникАлександар
Крал на Елените
На престол19 декември 1920 – 27 септември 1922
ПретходникАлександар
НаследникГеорги II
Почивалиште22 ноември 1936
Кралски гробишта, Атина
СопружникПринцеза Софија
ДецаГеорги II
Александар
Принцеза Елена
Павле
Принцеза Ирена
Принцеза Катерина
ДинастијаДинастија Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Гликсбург
ТаткоГеорги I
МајкаОлга Константиновна
ВероисповедГрчка Православна црква

Константин бил син на Георги I. Завршил воено училиште во Атина и политиќки науки на универзитетот во Лајпцинг, Германија. Се оженил за германската принцеза Софија, сестра на Вилхем II. Тој бил на чело на грчката армија во времето на Грчко-турската војна и Балканските војни. Во негово време, неговата земја се проширила на сметка на Македонија, зазимајќи површина од 34.356 km2, заедно со нејзиниот најголем град Солун.

На 30 мај 1917 година под притисок на сојузниците бил принуден да се откаже од престолот во корист на својот втор син Александар и со престолонаследникот Георги да ја напушти земјата. По завршувањето на Првата светска војна, во 1920 година починал кралот Александар, а Елевтериос Венизелос бил поразен на изборите. Оа довело до одржување на референдум според кој Константин I повторно станал крал на Грција.

Но поразот во војната од Турција во 1922 година, како и започнувањето на бунтот на Николаос Пластирас и Стилијанос Гонатас, довело до повторна детонација на кралот на 27 септември 1922 година, овој пат во корист на неговиот син Георги.