Квалификации за Светско првенство во фудбал 2022 - КАФ

Африканскиот дел од квалификациите за Светското првенство на ФИФА 2022 делувале како квалификации за Светското првенство на ФИФА 2022, што се одржало во Катар, за државните репрезентации кои се членки на Конфедерацијата на Африканскиот фудбал (КАФ). Вкупно пет слободни места биле достапни за тимовите на КАФ на завршниот турнир.

Квалификации за Светско првенство во фудбал 2022 - КАФ
Податоци за првенството
Датум на одржување4 септември 2019 - 29 март 2022
Екипи54 (од 1 конфедерација)
Статистики на првенството
Број на натпревари158
Постигнати голови361 (2.28 по натпревар)
Гледачи1,229,510 (0 по натпревар)
ГолгетерАлжир Ислам Слимани (8 гола)
2018
2026

Формат уреди

Првичниот предлог за спојување на квалификациските рунди за Купот на нации на Африка во 2021 година со оние за Светското првенство бил одбиен по состанокот на КАФ на 11 јуни 2018 година.[1]

КАФ се вратил во форматот што се користел за квалификациите за Светското првенство на ФИФА 2014.[2]

  • Прва рунда: 28 екипи (рангирани 27–54) играле дома и во гости во текот на два натпревари. 14-те победници се пласирале во вториот круг.
  • Втора рунда: 40 тимови (рангирани од 1–26 и 14 победници од првото коло) биле поделени во десет групи од по четири екипи за да играат по 6 натпревари дома и во гости. Десетте победници на групите се пласирале во третото коло.
  • Трета рунда: Десет победници на групите од второто коло играле дома и во гости во текот на два натпревари. Петте победници се пласирале на Светското првенство.

Пријавени тимови уреди

Сите 54 фудбалски асоцијации и федерации поврзани со ФИФА од КАФ влегле во квалификациите. Светската ранг листа на ФИФА од јули 2019 година била искористена за да се одреди кои нации ќе се натпреваруваат во првиот круг. За пласман во ждрепките во второто и третото коло, биле користени најновите рангирања на ФИФА пред тие ждрепки.

На Либија и се заканувало исклучување од квалификациите доколку не ги платела долговите кон својот поранешен селектор Хавиер Клементе. Сепак, Либија ги исполнила барањата откако ФИФА им дала нов рок.[3] Сиера Леоне, исто така, се соочила со можно исклучување од квалификациите поради суспензијата на нивната фудбалска асоцијација.[4] Сепак, суспензијата била укината од Советот на ФИФА на 3 јуни 2019 година.[5]

Од Светското рангирање на ФИФА во јули 2019
Пласирани дирекно во второто коло

(Рангирани од 1-во до 26-то место)

Пласирани во првото коло

(Рангирани од 27-мо до 54-то место)

  1.   Сенегал (20)
  2.   Тунис (29)
  3.   Нигерија (33)
  4.   Алжир (40)
  5.   Мароко (41)
  6.   Египет (46)
  7.   Гана (50)
  8.   Камерун (53)
  9.   ДР Конго (56)
  10.   Брег на Слоновата Коска (57)
  11.   Мали (59)
  12.   Буркина Фасо (61)
  13.   Јужна Африка (70)
  14.   Гвинеја (75)
  15.   Зелен ’Рт (76)
  16.   Уганда (80)
  17.   Замбија (81)
  18.   Бенин (82)
  19.   Габон (90)
  20.   Конго (91)
  21.   Мадагаскар (96)
  22.   Нигер (104)
  23.   Либија (105)
  24.   Мавританија (106)
  25.   Кенија (107)
  26.   ЦАР (111)

Распоред уреди

Подолу е распоредот на квалификациската кампања за Светското првенство во ФИФА 2022, според Меѓународниот календар на натпревари на ФИФА. По презакажувањето на завршниот турнир на Африканскиот куп на нации 2021 од јуни/јули до јануари/февруари, датумите на натпреварите 1-2 од вториот круг исто така биле презакажани.[6] Поради прекинот на натпреварите поради пандемијата КОВИД-19, распоредот на вториот и третиот круг биле повторно ревидирани и на 19 август 2020 година КАФ ги објавила новите датуми за гореспоменатите рунди.

Рунда Натпревар Датум
Прва рунда Прв натпревар 4–7 септември 2019
Втор натпревар 8–10 септември 2019
Втора рунда Натпревар 1 1–3 септември 2021
Натпревар 2 5–7 септември 2021
Натпревар 3 6–9 октомври 2021
Натпревар 4 10–12 октомври 2021
Натпревар 5 11–13 ноември 2021
Натпревар 6 14–16 ноември 2021
Трета рунда Прв натпревар 24–26 март 2022
Втор натпревар 27–29 март 2022

Прва рунда уреди

Ждрепката за првото коло била одржана на 29 јули 2019 година во 12:00 часот (UTC+2), во седиштето на КАФ во Каиро, Египет.[7]

Тим 1 Вк. Резултат Тим 2 I натпревар II натпревар
  Етиопија 1–1 (г.)   Лесото 0–0 1–1
  Сомалија 2–3   Зимбабве 1–0 1–3
  Еритреја 1–4   Намибија 1–2 0–2
  Бурунди 2–2 (0–3 п.)   Танзанија 1–1 1–1 (прод.)
  Џибути 2–1   Есватини 2–1 0–0
  Боцвана 0–1   Малави 0–0 0–1
  Гамбија 1–3   Ангола 0–1 1–2
  Либерија 3–2   Сиера Леоне 3–1 0–1
  Маврициус 0–3   Мозамбик 0–1 0–2
  Сао Томе и Принсипе 1–3   Гвинеја-Бисао 0–1 1–2
  Јужен Судан 1–2   Екваторска Гвинеја 1–1 0–1
  Комори 1–3   Того 1–1 0–2
  Чад 1–3   Судан 1–3 0–0
  Сејшели 0–10   Руанда 0–3 0–7

Втора рунда уреди

Ждрепката за второто коло била одржана на 21 јануари 2020 година во 19:00 часот (UTC+2), во седиштето на КАФ во Каиро, Египет.[7]

Група А уреди

# Тим Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод. Квалификации
1.   Алжир 6 4 2 0 25 4 +21 14 Напредување во трета рунда
2.   Буркина Фасо 6 3 3 0 12 4 +8 12
3.   Нигер 6 2 1 3 13 17 −4 7
4.   Џибути 6 0 0 6 4 29 −25 0

Група Б уреди

# Тим Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод. Квалификации
1.   Тунис 6 4 1 1 11 2 +9 13 Напредување во трета рунда
2.   Екваторска Гвинеја 6 3 2 1 6 5 +1 11
3.   Замбија 6 2 1 3 8 9 −1 7
4.   Мавританија 6 0 2 4 2 11 −9 2

Група Ц уреди

# Тим Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод. Квалификации
1.   Нигерија 6 4 1 1 9 3 +6 13 Напредување во трета рунда
2.   Зелен ’Рт 6 3 2 1 8 6 +2 11
3.   Либерија 6 2 0 4 5 8 −3 6
4.   ЦАР 6 1 1 4 4 9 −5 4

Група Д уреди

# Тим Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод. Квалификации
1.   Камерун 6 5 0 1 12 3 +9 15 Напредување во трета рунда
2.   Брег на Слоновата Коска 6 4 1 1 10 3 +7 13
3.   Мозамбик 6 1 1 4 2 8 −6 4
4.   Малави 6 1 0 5 2 12 −10 3

Група Е уреди

# Тим Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод. Квалификации
1.   Мали 6 5 1 0 11 0 +11 16 Напредување во трета рунда
2.   Уганда 6 2 3 1 3 2 +1 9
3.   Кенија 6 1 3 2 4 9 −5 6
4.   Руанда 6 0 1 5 2 9 −7 1

Група Ф уреди

# Тим Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод. Квалификации
1.   Египет 6 4 2 0 10 4 +6 14 Напредување во трета рунда
2.   Габон 6 2 1 3 7 8 −1 7
3.   Либија 6 2 1 3 4 7 −3 7
4.   Ангола 6 1 2 3 6 8 −2 5

Група Г уреди

# Тим Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод. Квалификации
1.   Гана 6 4 1 1 7 3 +4 13 Напредување во трета рунда
2.   ЈАР 6 4 1 1 6 2 +4 13
3.   Етиопија 6 1 2 3 4 7 −3 5
4.   Зимбабве 6 0 2 4 2 7 −5 2

Група Х уреди

# Тим Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод. Квалификации
1.   Сенегал 6 5 1 0 15 4 +11 16 Напредување во трета рунда
2.   Того 6 2 2 2 5 6 −1 8
3.   Намибија 6 1 2 3 5 10 −5 5
4.   Конго 6 0 3 3 5 10 −5 3

Група И уреди

# Тим Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод. Квалификации
1.   Мароко 6 6 0 0 20 1 +19 18 Напредување во трета рунда
2.   Гвинеја-Бисао 6 1 3 2 5 11 −6 6
3.   Гвинеја 6 0 4 2 5 11 −6 4
4.   Судан 6 0 3 3 5 12 −7 3

Група Ј уреди

# Тим Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод. Квалификации
1.   ДР Конго 6 3 2 1 9 3 +6 11 Напредување во трета рунда
2.   Бенин 6 3 1 2 5 4 +1 10
3.   Танзанија 6 2 2 2 6 8 −2 8
4.   Мадагаскар 6 1 1 4 4 9 −5 4

Трета рунда уреди

Десетте победници на групите од второто коло биле извлечени во пет пара, при што тимовите биле рангирани врз основа на Светската ранг листа на ФИФА. Ждрепката била одржана на 22 јануари 2022 година во Дуала, Камерун.[8] Послабо рангираниот тим, го играл првиот натпревар на домашен терен. Победниците од секој натпревар се квалификувале за Светското првенство во ФИФА 2022.

Тим 1 Вк. Резултат Тим 2 I натпревар II натпревар
  Египет 1–1 (1–3 п.)   Сенегал 1–0 0–1 (прод.)
  Камерун 2–2 (г.)   Алжир 0–1 2–1 (прод.)
  Гана 1–1 (г.)   Нигерија 0–0 1–1
  ДР Конго 2–5   Мароко 1–1 1–4
  Мали 0–1   Тунис 0–1 0–0

Квалификувани тимови уреди

Репрезентација Се квалификвале како: Дата на квалификување Претходни настапи на СП Најголем успех

на СП

  Гана Победник во третата рунда на КАФ квалификациите 29 март 2022 3 (2006, 2010,2014) Четвртфинале (2010)
  Сенегал Победник во третата рунда на КАФ квалификациите 29 март 2022 2 (2002, 2018) Четвртфинале (2002)
  Тунис Победник во третата рунда на КАФ квалификациите 29 март 2022 5 (1978, 1998, 2002, 2006, 2018) Групна фаза (1978, 1998, 2002, 2006 и 2018)
  Мароко Победник во третата рунда на КАФ квалификациите 29 март 2022 5 (1970, 1986, 1994, 1998, 2018) Осминафинале (1986)
  Камерун Победник во третата рунда на КАФ квалификациите 29 март 2022 7 (1982, 1990, 1994, 1998, 2002, 2010, 2014) Четвртфинале (1990)

Најдобри стрелци уреди

На 158 натпревари биле постигнати 362 гола, во просек по 2,29 гола по натпревар.

8 гола уреди

5 гола уреди

Наводи уреди

  1. Futaa. „| Futaa.com“. futaa.com. Архивирано од изворникот на 2020-11-29. Посетено на 2022-11-27.
  2. „CAF reverts to previous format for 2022 African World Cup qualifiers - Africa - Sports“. Ahram Online. Посетено на 2022-11-27.
  3. „Libya pays debts to former national soccer team coach | The Libya Observer“. www.libyaobserver.ly (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-11-26. Посетено на 2022-11-27.
  4. „FIFA suspends the Sierra Leone Football Association - FIFA.com“. web.archive.org. 2018-10-08. Архивирано од изворникот на 2018-10-08. Посетено на 2022-11-27.
  5. „FIFA Council appoints Qatar as host of the FIFA Club World Cup in 2019 and 2020“. www.fifa.com (англиски). Посетено на 2022-11-27.[мртва врска]
  6. „CAF reschedules dates of Nations Cup and World Cup qualifiers - National Teams - Sports“. Ahram Online. Посетено на 2022-11-27.
  7. 7,0 7,1 „204 member associations in contention for FIFA World Cup Qatar 2022™ berths“. www.fifa.com (англиски). Посетено на 2022-11-27.[мртва врска]
  8. Football, CAF-Confedération Africaine du. „Dates for FIFA World Cup Qatar 2022 African Qualifiers and TotalEnergies Africa Cup of Nations 2023 draws announced“. CAFOnline.com (англиски). Посетено на 2022-11-28.