Катедрала Свети Михаил (Киев)

Манастирот Свети Михаил (украински: Михайлівський золотоверхий монастир) е манастир кој се наоѓа во Киев, главниот град на Украина. Манастирот се наоѓа на десниот брег од реката Днепар, во близина на катедралата Света Софија.

Катедрала Свети Михаил
Києво-Михайлівський Золотоверхий чоловічий монастир
Карта
50°27′20″N 30°31′22″E / 50.45556° СГШ; 30.52278° ИГД / 50.45556; 30.52278
МестоКиев
ЗемјаУкраина
ВероисповедУкраинска православна црква
Мреж. местоhttp://www.archangel.kiev.ua/
Историја
Основана1108-1113
Основач(и)Светополк II
Посветена наАрхангел Михаел
Архитектура
Архитект(и)Иван Барски
СтилУкраински барок
Завршена1999
Урната1934-1936

Првично храмот бил изграден во средниот век, во времето на Светополк II. Комплексот се состои од самата црква, трпезарија на Свети Јован Благослов која била изградена во 1713 година, порта која датира од 1760 година и камбанарија која била ставена во 1716 година. Надворешноста на објектот бил повторно изграден во текот на XVIII век, во украински барок стил, а внатрешноста останала непроменета, во византиски стил. Оваа катедрала била срушена од страна на советските власти во 1930-тите, но во 1999 година била повторно изградена од страна на независна Украина.

Историја

уреди

Според некои историчари, оваа црква била за првпат подигната во времето на Светополк II (1108-1113),[1][2], и истата била посветена на светецот-заштитник Архангел Михаил.[1][2]. Една од прилчините за изградба на оваа црква била најверојатно победата на Светополк над номадите, и самиот светец се смета како заштитник на војниците и победата, па и од овде дошло и името на катедралата[3].

За време на инвазијата во 1240 од страна на монголските народи, манастирот се верува дека бил оштетен сериозно. Монголците ја оштетиле катедралата и ги ограбиле позлатените куполи. Манастирот потоа паднал во лоша состојба и постои документација за следните две и пол векови. Во 1496, манастирот бил повторно обновен, под името Свети Димитриј. По бројните реставрации во следните векови, објектот станал еден од најпопуларните манастири во Украина.

Во манастирот се наоѓале моштите на Света Барбара, кои наводно биле доведени во Киев од Цариград во 1108 година од страна на царицата. Во текот на XIX век, во манастирот живееле околу 240 монаси. Манастирот станал и резиденција на владиката во 1800 година.

Во 1870 година, околу 100.000 верници им оддале почит на Света Варвара во манастирот Свети Михаил.

Рушење

уреди

Во текот на 1930-тите години, манастирот бил разрушен. На 26 јуни 1934 година, работата започнала со отстранување на византиските мозаици. Тоа било спроведено од страна на Ленинградската Академијата за ликовни уметности. Специјалистите биле принудени да работат во брзање на сметка на претстојното уривање. Мозаиците биле предадени во Рускиот државен музеј и во Ермитаж како и во катедралата Света Софија. Останатото било запленето од страна на нацистите за време на Втората светска војна.

Во август 1963 година, зачуваната трпезарија на манастирот била срушена без својата барокна купола и прогласена за споменик на архитектурата на Украинската ССР. Во 1973 година, Киевскиот градски совет утврди неколку "Археолошки зони" во градот; во нив бил вклучен територијата околу манастирот.

Во текот на 1970-тите години се правело план за обнова на црквата но истото не успеало до падот на комунизмот.

Обнова

уреди

По прогласувањето на независност во 1991 година на Украина, разрушувањето на манастирот било прогласено за голем криминал, па започнале преговори за повторна обнова како важен дел од културното наследство на украинскиот народ. Овие планови биле одобрени во 1997-1998 година, при кое имотот и бил префрлен на Украинската православна црква - Киевска патријаршија, Јуриј Ивакин бил главниот архитект за обнова на црквата. За време на ископувањата, околу комплексот биле пронајдени повеќе од 260 артефакти. ПокраЈ ова, била пронајдена и античката црква, која некогаш постоела на ова место.

Со поддршка на киевските градски власти, комплексот бил обновен и официјално отворена на 30 мај 1999. Сепак, внетрешните декорации, мозаици, фрески и мозаици не биле завршени до 28 мај 2000 година.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Malikenaite 2003, стр. 147.
  2. 2,0 2,1 Pavlovsky, Viktor; A. Zhukovsky. „Saint Michael's Golden-Domed Monastery“. Encyclopedia of Ukraine. Посетено на 2006-08-18.
  3. „Zlatoverkhy Mikhailovsky monastyr“. Brockhaus and Efron Encyclopedic Dictionary (руски). Посетено на 2007-10-26.