Капа Лебед

ѕвезда во соѕвездието Лебед

Капа Лебед (κ Лебед, κ Cygni) — ѕвезда во соѕвездието Лебед. Има привидна величина од 3,8,[2] што ја прави доволно сјајна за да биде видлива со голо око. Во соѕвездието, го сочинува крајот од левото крило на лебедот.[8] На околу 5° северно од ѕвездата е малиот метеорски дожд капа цигниди.[9]

Капа Лебед
Местоположба на Капа Лебед (заокружена)
Податоци од набљудување
Епоха J2000,0      Рамноденица J2000,0
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 19ч 17м &1000000000061686500000006,16865с[1]
Деклинација +53° 22′ &1000000000006453400000006,4534″[1]
Прив. величина (V) 3,814[2]
Особености
Спектрален тип G9 III[3]
U−B Боен показател +0,767[2]
B−V Боен показател +0,965[2]
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)–29,3[4] км/с
Сопствено движење (μ) Рект: +60,07[1] млс/г
Дек.: +122,83[1] млс/г
Паралакса (π)26.27 ± 0.10[1] млс
Оддалеченост124,2 ± 0,5 сг
(38,1 ± 0,1 пс)
Апсолутна величина (MV)+0,90[5]
Податоци
Полупречник8–9[6] R
Површ. грав. (log g)2,7[7]
Сјајност51[5] L
Температура4,920[7] K
Вртежна брзина (v sin i)3,7[7] км/с
Други ознаки
κ Cyg, 1 Cygni, BD+53° 2216, FK5 726, HD 181276, HIP 94779, HR 7328, SAO 31537
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

Испитувајќи го нејзиниот спектар, покажано е дека ѕвездата е од класата G9 III,[3] при што сјајносната класа III укажува на истрошување на водородното гориво во јадрото и ширење до степен на џиновска ѕвезда во текот на ѕвездениот развој. Исто така, познато е дека се колеба во сјајноста, но само за 0,01 до 0,02 величини.[10] Измерениот аголен пречник на ѕвездата, по исправките за рабно затемнување, изнесува 2,07 ± 0,09 лмс.[11] Оддалечена е 124,2 светлосни години (38,1 парсеци) согласно паралаксните мерења,[1] што значи дека има 8–9 пати поголем полупречник од Сончевиот.[6] Надворешната обвивка има делотворна температура од 4.920 K,[7] што ѝ дава на ѕвездата жолтеникаво-портокалов сјај, преоден од типот G кон типот K.[12]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 van Leeuwen, F. (November 2007), „Validation of the new Hipparcos reduction“, Astronomy and Astrophysics, 474 (2): 653–664, arXiv:0708.1752, Bibcode:2007A&A...474..653V, doi:10.1051/0004-6361:20078357
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Jennens, P. A.; Helfer, H. L. (September 1975), „A new photometric metal abundance and luminosity calibration for field G and K giants.“, Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, 172: 667–679, Bibcode:1975MNRAS.172..667J, doi:10.1093/mnras/172.3.667
  3. 3,0 3,1 Morgan, W. W.; Keenan, P. C. (1973), „Spectral Classification“, Annual Review of Astronomy and Astrophysics, 11: 29–50, Bibcode:1973ARA&A..11...29M, doi:10.1146/annurev.aa.11.090173.000333
  4. Wielen, R.; и др. (1999), „Sixth Catalogue of Fundamental Stars (FK6). Part I. Basic fundamental stars with direct solutions“, Veröff. Astron. Rechen-Inst. Heidelb, Veröffentlichungen des Astronomisches Rechen-Institut Heidelberg, 35: 1, Bibcode:1999VeARI..35....1W
  5. 5,0 5,1 Anderson, E.; Francis, Ch. (2012), „XHIP: An extended hipparcos compilation“, Astronomy Letters, 38 (5): 331, arXiv:1108.4971, Bibcode:2012AstL...38..331A, doi:10.1134/S1063773712050015.
  6. 6,0 6,1 Lang, Kenneth R. (2006), Astrophysical formulae, Astronomy and astrophysics library, 1 (3. изд.), Birkhäuser, ISBN 3-540-29692-1. Полупречникот (R*) следува вака:
     
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Massarotti, Alessandro; и др. (January 2008), „Rotational and Radial Velocities for a Sample of 761 HIPPARCOS Giants and the Role of Binarity“, The Astronomical Journal, 135 (1): 209–231, Bibcode:2008AJ....135..209M, doi:10.1088/0004-6256/135/1/209
  8. Consolmagno, Guy; Davis, Dan M. (2011), Turn Left at Orion: Hundreds of Night Sky Objects to See in a Home Telescope - and How to Find Them (4. изд.), Cambridge University Press, стр. 134, ISBN 0-521-15397-2
  9. Stegmüller, Wolfgang (1979), The structuralist view of theories: a possible analogue of the Bourbaki programme in physical science, Astronomers' Observing Guides, Springer, стр. 82, ISBN 0-387-09460-1
  10. Adelman, Saul J. (2001), „On the Photometric Variability of Red Clump Giants“, Baltic Astronomy, 10: 593–597, Bibcode:2001BaltA..10..593A, doi:10.1515/astro-2001-0404
  11. Richichi, A.; Percheron, I.; Khristoforova, M. (February 2005), „CHARM2: An updated Catalog of High Angular Resolution Measurements“, Astronomy and Astrophysics, 431 (2): 773–777, Bibcode:2005A&A...431..773R, doi:10.1051/0004-6361:20042039
  12. „The Colour of Stars“, Australia Telescope, Outreach and Education, Commonwealth Scientific and Industrial Research Organisation, December 21, 2004, Архивирано од изворникот на March 10, 2012, Посетено на 2012-01-16