КАФ Лига на шампиони
КАФ Лигата на шампионите е годишно континентално клупско фудбалско натпреварување управувано од страна на Африканската фудбалска конфедерација (КАФ). Најдобрите клубови од најдобрите фудбалските лиги во Африка се поканети да учествуваат на ова натпреварување, кој е најважното клупско фудбалско натпреварување на континентот и е еквивалент на УЕФА Лигата на шампионите. Поради спонзорскиот договор со француската компанија Тотал, официјалното име на натпреварувањето е Тотал КАФ Лига на шампиони, или исто така во употреба е и Тотал Лига на шампиони.[1]
Регион | Африка |
---|---|
Конфедерација | КАФ |
Основана | 1964 (од 1997 во моменталниот формат) |
Број на клубови | 16 (групна фаза) 52 (вкупно) |
Тековен првак | Есперанс Тунис (4. титула) (2018-2019) |
Најмногу титули | Ал Ахли (8) |
Мрежно место | КАФ Лига на шампиони |
Трофеј | |
КАФ Лига на шампиони 2019-2020 |
Победникот на турнирот стекнува право да учествува на Светското клупско првенство, турнир на кој се натпреваруваат сите клубови шампиони од сите шест континентални конфедерации, а исто така се соочува и со победникот на КАФ Купот на конфедерации во Суперкупот на КАФ следната сезона.
Египетскиот Ал Ахли е најуспешниот клуб во историјата на натпреварувањето, освојувајќи го турнирот осум пати. Египетските клубови имаат акумулирано најголем број победи, освојувајќи ја титулата 14 пати. Моментален шампион е мароканската Видад Казабланка, кои ја забележаа својата втора титула во историјата на натпреварувањето, совладувајќи го Ал Ахли во финалето 2017.
Историја
уредиПрвите години
уредиНа почетокот, натпреварувањето ги опфаќало сите шампиони на националните лиги на африканските земји кои биле членови на КАФ. Натпреварувањето траело 12 месеци и се играло по купски систем, по кој во секое коло се играле по два натпревари (дома-гости) сè до четвртфиналето, каде екипите играле по еден натпревар на неутрален терен и победникот се пласирал понатаму.
Првиот 'Африкански Куп на шампиони' одигран е во 1964 година, а првата екипа која го освоила трофејот бил камерунскиот Орикс Дуала, кој го победил Стад Малијан од Мали со 2-1 во финалниот натпревар.
Во 1965 година турнир не бил одржан, но организаторите не се откажале од него и повторно е организиран во 1966 година. Сега сите фази на натпреварување се играле по двоен систем ‘домаќин и гостин’, а во финалето играле Реал Бамако од Мали и Стад Абиџан од Брегот на Слоновата Коска. Реал Бамако ја искористил предноста на домашниот терен во првиот натпревар и победил со 3-1, но во реваншот во гости во Абиџан изгубил со 4-1 и останал без титулата која му припаднала на Стад Абиџан.
Во финалето 1967 година се сретнале Асанте Котоко од Гана и TП Мазембе од ДР Конго. Двата натпревари биле завршени со нерешен резултат (1-1 и 2-2). Бидејќи тогаш не важело правилото гол во гости, КАФ предложил да се одигра и трет натпревар, но екипата од Гана го одбила тој предлог поради што титула му припднала на Мазембе, кои и во следната сезона повторно бил шампион.
Во 1970 година во финалето повторно се сретнале Асанте Котоко и Мазембе. Првиот натпревар бил одигран во Гана и завршил со резултат 1-1, но во реваншот на гостински терен Асанте славеле со 2-1 и така ја освоиле титулата која ја испуштиле пред три години.
Во текот на седумдесеттите години доаѓа успон на камерунските фудбалски клубови, кои поставиле основа за успесите на камерунската репрезентација. Од 1971 до 1980 година камерунските екипи освоиле 4 титули Африкански првак: Канон Јаунде трипати (1971, 1978 и 1980) и УС Дуала еднаш 1979. Покрај успесите на екипите од Камерун, во тој период и Хафија Конакри од Гвинеја имала свои златни години, освојувајќи ја титулата шампион трипати (1972, 1975 и 1977).
Египетска доминација
уредиИако само две екипи од Северна Африка ја освоиле титулата пред 1981 година - Исмаили од Египет во 1969 и МК Алжир од Алжир во 1976 – од тогаш, екипите од оваа регија го преземаат приматот и започнува нивната доминација во натпреварувањето, освојувајќи 22 титули од последните 28 турнири.
Посебно биле доминантни двата египатски фудбалски гиганти од Каиро, Ал Ахли и Замалек. Ал Ахли победил рекордни осум пати: 1982, 1987, 2001, 2005, 2006, 2008, 2012 и 2013; а Замалек има пет титули: 1984, 1986, 1993, 1996 и 2002.
Друга екипа од Северна Африка која исто така имала доста успеси во натпреварувањето е Раџа Казабланка од Мароко, која победила трипати: 1989, 1997 и 1999.
Развој на КАФ Лигата на шампионите
уредиПокрај воведување на правилото гол во гости многу малку се менувало во системот на натпреварувањето до 1997 година. Таа година, КАФ започнал да спроведува реформи во натпреварувањето, како што УЕФА го направила истото пет години порано, создадена е групна фаза во почетокот на турнирот и натпреварувањето го менува името во КAФ Лига на шампиони. КАФ исто така претставил и парични награди за учесниците.
Победник је добивал 1.000.000 американски долари а поразениот во финалето 750,000, новата Лига на шампиони станала второ најбогато фудбалско клупско натпреварување во Африка после Јужноафриканската Премиер лига која го наградува победникот со 2.000.000 американски долари.
По новиот формат, Лигата на шампионите се состои од серија прелиминарни рунди сè до фазата последните 16. Во оваа фаза екипите се поделени во 4 групи со по 4 клуба каде играат по двоен систем дома гости од кои првопласираните две екипи од секоја група поминуваат во четвртфиналето. Од четвртфиналето па до самиот крај на натпреварувањето (вклучувајќи го и финалето) се игра по куп систем во два натпревари дома-гости.
Во 2010 година, TП Мазембе од ДР Конго станал првата екипа која по вторпат успеала да ја освои титулата две години по редом. Првпат тоа го сториле во 1967 и 1968, а го повториле во 2009 и 2010.
Во КAФ Лигата на шампионите учествуваат победниците од сите национални лиги кои се членови на КАФ, како и шампионот од претходната година. Од 2004. година право да учествуваат имаат и второпласираните екипи од 12-те најдобро рангирани фудбалски лиги во Африка. После оваа реформа доаѓа до спојување на КАФ Купот (натпреварување во кое учествувале второпласираните екипи од африканските национални првенства) и КАФ Купот на победниците на куповите и создаден е КАФ Купот на конфедерации.
Спонзори
уредиПериод | Спонзор | Име на турнирот |
---|---|---|
2004-2008 | МТН | МТН КАФ Лига на шампиони |
2009-2016 | Оринџ | Оринџ CAF Champions League |
2016-2023 | Тотал | Тотал КАФ Лига на шампиони |
Парични награди
уредиКонечен пласман |
Парична награда |
---|---|
Шампион | US$2.5 милиони |
Вицешампион | US$1.25 милиони |
Полуфиналист | US$0.8 милиони |
Четвртфиналист | US$0.65 милиони |
Трет во групната фаза | US$0.55 милиони |
Четврт во групната фаза | US$0.55 милиони |
Финалиња
уредиАфрикански Куп на шампиони (1964—1997)
уредиГодина | Домаќин | Резултат | Гостин | Стадион | Гледачи |
---|---|---|---|---|---|
1964 Детали |
Орикс Дуала | 2 - 1 | Стад Малијан | Стадион Акра, Акра | |
1966 Детали |
Реал Бамако | 3 - 1 | Стад Абиџан | Мунисипал, Бамако | |
Стад Абиџан | 4 - 1 | Реал Бамако | Феликс Уфује-Буањи, Абиџан | ||
Стад Абиџан победил со вкупен резултат 5 - 4 | |||||
1967 Детали |
Асанте Котоко | 1 - 1 | TП Мазембе | Стадион Кумаси, Кумаси | |
TП Мазембе | 2 - 2 | Асанте Котоко | Стадион 20 мај, Киншаса | ||
TП Мазембе | н/o | Асанте Котоко | Стадион Омниспорт Јаунде, Јаунде | ||
ТП Мазембе ја освоил титулата затоа што Асанте Котоко не се согласиле да играат трет натпревар | |||||
1968 Детали |
TП Мазембе | 5 - 0 | Етуал Филант | Стадион 20 мај, Киншаса | |
Етуал Филант | 4 - 1 | TП Мазембе | Стадион Генерал Ејадема, Ломе | ||
ТП Мазембе победил со вкупен резултат 6 - 4 | |||||
1969 Детали |
TП Мазембе | 2 - 2 | Исмаили | Стадион 20 мај, Киншаса | |
Исмаили | 3 - 1 | TП Мазембе | Интернационален стадион во Каиро, Каиро | ||
Исмаили победил со вкупен резултат 5 - 3 | |||||
1970 Детали |
Асанте Котоко | 1 - 1 | TП Енгелберт | Стадион Кумаси, Кумаси | |
TП Енгелберт | 1 - 2 | Асанте Котоко | Стадион 20 мај, Киншаса | ||
Асанте Котоко победил со вкупен резултат 3 - 2 | |||||
1971 Детали |
Асанте Котоко | 2 - 0 | Канон Јаунде | Стадион Кумаси, Кумаси | |
Канон Јаунде | 2 - 0 | Асанте Котоко | Воен стадион Гаруа, Јаунде | ||
Канон Јаунде | 1 - 0 | Асанте Котоко | Воен стадион Гаруа, Јаунде | ||
Канон Јаунде победил со 1-0 во 3. натпревар | |||||
1972 Детали |
Хафија | 4 - 2 | Симба | Стадион 28 септември, Конакри | |
Симба | 2 - 3 | Хафија | Стадион Накивубо, Кампала | ||
Хафија победила со вкупен резултат 7 - 4 | |||||
1973 Детали |
Асанте Котоко | 4 - 2 | Вита Клуб | Стадион Кумаси, Кумаси | |
Вита Клуб | 3 - 0 | Асанте Котоко | Стадион 20 мај, Киншаса | ||
Вита Клуб победил со вкупен резултат 5 - 4 | |||||
1974 Детали |
КАРА Бразавил | 4 - 2 | Газл Ел Махала | Стадион на Револуцијата, Бразавил | |
Газл Ел Махала | 1 - 2 | КАРА Бразавил | Стадион Ел Махала, Махала ел Кубра | ||
КАРА Бразавил победил со вкупен резултат 6 - 3 | |||||
1975 Детали |
Хафија | 1 - 0 | Енугу Ренџерс | Стадион 28 септември, Конакри | |
Енугу Ренџерс | 1 - 2 | Хафија | Национален стадион во Лагос, Лагос | ||
Хафија победила со вкупен резултат 3 - 1 | |||||
1976 Детали |
Хафија | 3 - 0 | МК Алжир | Стадион 28 септември, Конакри | |
МК Алжир | 3 - 0 (пенали: 4 - 1) |
Хафија | Стадион 5 јули 1962, Алжир | ||
МК Алжир победил по изведување на пенали со 4 - 1 (вк. резултат 3 - 3) | |||||
1977 Детали |
Хартс оф Оук | 0 - 1 | ФК Хафија | Спортски стадион во Акра, Акра | |
ФК Хафија | 3 - 2 | Хартс оф Оук | Стадион 28 септември, Конакри | ||
Хафија победила со вкупен резултат 4 - 2 | |||||
1978 Детали |
Хафија | 0 - 0 | Канон Јаунде | Стадион 28 септември, Конакри | |
Канон Јаунде | 2 - 0 | Хафија | Стадион Омниспорт, Јаунде | ||
Канон Јаунде победил со вкупен резултат 2 - 0 | |||||
1979 Детали |
Хартс оф Оук | 1 - 0 | Унион Дуала | Спортски стадион во Акра, Акра | |
Унион Дуала | 1 - 0 (пенали: 5 - 3) |
Хартс оф Оук | Стадион Омниспорт, Јаунде | ||
Унион Дуала победил по изведување на пенали со 5 - 3 (вк. резултат: 1 - 1) | |||||
1980 Детали |
Канон Јаунде | 2 - 2 | Билима | Воен стадион Гаруа, Јаунде | |
Билима | 0 - 3 | Канон Јаунде | Стадион 20 мај, Киншаса | ||
Канон Јаунде победил со вкупен резултат 5 - 2 | |||||
1981 Детали |
ЈС Кабилија | 4 - 0 | Вита Клуб | Стадион 1 ноември 1954, Тизи Узу | |
Вита Клуб | 0 - 1 | ЈС Кабилија | Стадион 20 мај, Киншаса | ||
ЈС Кабилија победила со вкупен резултат 5 - 0 | |||||
1982 Детали |
Ал Ахли | 3 - 0 | Асанте Котоко | Интернационален стадион во Каиро, Каиро | |
Асанте Котоко | 1 - 1 | Ал Ахли | Спортски стадион во Кумаси, Кумаси | ||
Ал Ахли победил со вкупен резултат 4 - 1 | |||||
1983 Детали |
Ал Ахли | 0 - 0 | Асанте Котоко | Интернационален стадион во Каиро, Каиро | |
Асанте Котоко | 1 – 0 | Ал Ахли | Спортски стадион во Кумаси, Кумаси | ||
Асанте Котоко победил со вкупен резултат 1 - 0 | |||||
1984 Детали |
Замалек | 2 - 0 | Шутинг Старс | Интернационален стадион во Каиро, Каиро | |
Шутинг Старс | 0 - 1 | Замалек | Национален стадион во Лагос, Лагос | ||
Замалек победил со вкупен резултат 3 - 0 | |||||
1985 Детали |
ФАР Рабат | 5 - 2 | Билима | Стадион Принц Мулај Абделах, Рабат | |
Билима | 1 - 1 | ФАР Рабат | Мобуту стадион, Лубумбаши | ||
ФАР Рабат победил со вкупен резултат 6 - 3 | |||||
1986 Детали |
Замалек | 2 - 0 | Африка Спортс | Интернационален стадион во Каиро, Каиро | |
Африка Спортс | 2 - 0 (пенали: 2 - 4) |
Замалек | Стадион Феликс Уфује-Буањи, Абиџан | ||
Замалек победил по изведување на пенали 4 - 2 (вк. резултат : 2 - 2) | |||||
1987 Детали |
Ал Хилал | 0 - 0 | Ал Ахли | Стадион Ал Хилал, Омдурман | |
Ал Ахли | 2 - 0 | Ал Хилал | Интернационален стадион во Каиро, Каиро | ||
Ал Ахли победил со вкупен резултат 2 - 0 | |||||
1988 Детали |
Хартленд | 1 - 0 | ЕС Сетиф | Либерти стадион, Ибадан | |
ЕС Сетиф | 4 - 0 | Хартленд | Стадион Мухамед Хамлауи, Константин | 45,000 | |
ЕС Сетиф победил со вкупен резултат 4 - 1 | |||||
1989 Детали |
Раџа Казабланка | 1 - 0 | МК Оран | Стадион Мухамед V, Казабланка | 50,000 |
МК Оран | 1 - 0 (пенали: 2 - 4) |
Раџа Казабланка | Стадион 19 јуни 1965, Оран | 40,000 | |
Раџа Казабланка победила по изведување на пенали 4 - 2 (вк. резултат : 1 - 1) | |||||
1990 Детали |
ЈС Кабилија | 1 - 0 | Нкана | Стадион 5 јули 1962, Алжир | 70,000 |
Нкана | 1 - 0 (пенали: 2 - 4) |
ЈС Кабилија | Индепанданс стадион, Лусака | 35,000 | |
ЈС Кабилија победила по изведување на пенали 5 - 3 (вк. резултат : 1 - 1) | |||||
1991 Детали |
Клуб Африкан | 6 - 2 | Вила | Стадион Ел Мензах, Тунис | 40,000 |
Вила | 1 - 1 | Клуб Африкан | Стадион Накивубо, Кампала | 25,000 | |
Клуб Африкан победил со вкупен резултат 7 - 3 | |||||
1992 Детали |
Видад Казабланка | 2 - 0 | Ал Хилал | Стадион Муhамед V, Казабланка | |
Ал Хилал | 0 - 0 | Видад Казабланка | Стадион Ал Хилал, Омдурман | ||
Видад Казабланка победила со вкупен резултат 2 - 0 | |||||
1993 Детали |
Асанте Котоко | 0 - 0 | Замалек | Спортски стадион во Кумаси, Кумаси | |
Замалек | 0 - 0 (пенали: 7 - 6) |
Асанте Котоко | Интернационален стадион во Каиро, Каиро | ||
Замалек победил по изведување на пенали со 7 - 6 (вк. резултат : 0 - 0) | |||||
1994 Детали |
Замалек | 0 - 0 |
Есперанс Тунис | Интернационален стадион во Каиро, Каиро | |
Есперанс Тунис | 3 - 1 | Замалек | Стадион Ел Мензах, Тунис | ||
Есперанс Тунис победил со вкупен резултат 3 - 1 | |||||
1995 Детали |
Орландо Пајретс | 2 - 2 | АСЕК Мимозас | ФНБ стадион, Јоханезбург | |
АСЕК Мимозас | 0 - 1 | Орландо Пајретс | Стадион Феликс Уфје-Буањи, Абиџан | ||
Орландо Пајретс победил со вкупен резултат 3 - 2 | |||||
1996 Детали |
Шутинг Старс | 2 - 1 | Замалек | Стадион Лекан Салами, Ибадан | |
Замалек | 2 - 1 (пенали: 5 - 4) |
Шутинг Старс | Интернационален стадион во Каиро, Каиро | ||
Замалек победил по изведување на пенали 5 - 4 (вк. резултат : 3 - 3) |
КАФ Лига на шампиони (од 1997 година)
уредиГодина | Домаќин | Резултат | Гостин | Стадион | Гледачи |
---|---|---|---|---|---|
1997 Детали |
Ашанти Голд | 1 - 0 | Раџа Казабланка | Стадион Лен Клеј, Обаси | 20,000 |
Раџа Казабланка | 1 - 0 (пенали: 5 - 4) |
Ашанти Голд | Стадион Мухамед V, Казабланка | 85,000 | |
Раџа Казабланка победила по изведување на пенали 5 - 4 (вк. резултат : 1 - 1) | |||||
1998 Детали |
Дајнамос | 0 - 0 | АСЕК Мимозас | Национален спортски стадион, Хараре | 45,000 |
АСЕК Мимозас | 4 - 2 | Дајнамос | Стадион Феликс Уфје-Буањи, Абиџан | 50,000 | |
АСЕК Мимозас победил со вкупен резултат 4 - 2 | |||||
1999 Детали |
Раџа Казабланка | 0 - 0 | Есперанс Тунис | Стадион Пер-Жего, Казабланка | |
Есперанс Тунис | 0 - 0 (пенали: 3 - 4) |
Раџа Казабланка | Стадион Ел Мензах, Тунис | 50,000 | |
Раџа Казабланка победила по изведување на пенали со 4 - 3 (вк. резултат : 0 – 0) | |||||
2000 Детали |
Есперанс Тунис | 1 - 2 | Хартс оф Оук | Стадион Ел Мензах, Тунис | 30,000 |
Хартс оф Оук | 3 - 1 | Есперанс Тунис | Спортски стадион во Акра, Акра | 45,000 | |
Хартс оф Оук победил со вкупен резултат 5 - 2 | |||||
2001 Детали |
Мамелоди Сандаунс | 1 - 1 | Ал Ахли | Стадион Лофтус Версфелд, Преторија | 5,000 |
Ал Ахли | 3 - 0 | Мамелоди Сандаунс | Интернационален стадион во Каиро, Каиро | 80,000 | |
Ал Ахли победил со вкупен резултат 4 - 1 | |||||
2002 Детали |
Раџа Казабланка | 0 - 0 | Замалек | Стадион Мухамед V, Казабланка | |
Замалек | 1 - 0 | Раџа Казабланка | Интернационален стадион во Каиро, Каиро | ||
Замалек победил со вкупен резултат 1 - 0 | |||||
2003 Детали |
Ењимба | 2 - 0 | Исмаили | Ењимба Интернешнл стадион, Аба | |
Исмаили | 1 - 0 | Ењимба | Исмаилија стадион, Исмаилија | ||
Ењимба победила со вкупен резултат 2 - 1 | |||||
2004 Детали |
Етуал ду Сахел | 2 - 1 | Ењимба | Стадион Олимпик д Сус, Сус | |
Ењимба | 2 – 1 (пенали: 5 - 3) |
Етуал ду Сахел | Ењимба Интернационал стадион, Аба | ||
Ењимба победила по изведување на пенали со 5 - 3 (вк. резултат : 3 - 3) | |||||
2005 Детали |
Етуал ду Сахел | 0 - 0 | Ал Ахли | Стадион Олимпик д Сус, Сус | 20,000 |
Ал Ахли | 3 - 0 | Етуал ду Сахел | Стадион на Војната академија, Каиро | 35,000 | |
Ал Ахли победил со вкупен резултат 3 - 0 | |||||
2006 Детали |
Ал Ахли | 1 - 1 | Сфаксијен | Интернационален стадион во Каиро, Каиро | |
КС Сфаксијен | 0 - 1 | Ал Ахли | Стадион 14 јануари, Радес | 65,000 | |
Ал Ахли победил со вкупен резултат 2 - 1 | |||||
2007 Детали |
Етуал ду Сахел | 0 - 0 | Ал Ахли | Стадион Олимпик д Сус, Сус | |
Ал Ахли | 1 - 3 | Етуал ду Сахел | Интернационален стадион во Каиро, Каиро | ||
Етуал ду Сахел победил со вкупен резултат 3 - 1 | |||||
2008 Детали |
Ал Ахли | 2 - 0 | Котон Спорт | Интернационален стадион во Каиро, Каиро | |
Котон Спорт | 2 - 2 | Ал Ахли | Стадион Румде Аџија, Гаруа | ||
Ал Ахли победил со вкупен резултат 4 - 2 | |||||
2009 Детали |
Хартленд | 2 - 1 | TП Мазембе | Стадион Дан Ањијам, Овери | |
TП Мазембе | 1 - 0 | Хартленд | Стадион Фредерик Кибаса Малиба, Лубумбаши | ||
ТП Мазембе ја освоил титулата поради постигнат гол во гости | |||||
2010 Детали |
TП Мазембе | 5 - 0 | Есперанс Тунис | Стадион Фредерик Кибаса Малиба, Лубумбаши | 50,000 |
Есперанс Тунис | 1 - 1 | TП Мазембе | Стадион 14 јануари, Радес | 65,000 | |
ТП Мазембе победил со вкупен резултат 6 - 1 | |||||
2011 Детали |
Видад Казабланка | 0 - 0 | Есперанс Тунис | Стадион Мухамед V, Казабланка | 70,000 |
Есперанс Тунис | 1 - 0 | Видад Казабланка | Стадион 14 јануари, Радес | 65,000 | |
Есперанс Тунис победил со вкупен резултат 1 - 0 | |||||
2012 Детали |
Ал Ахли | 1 - 1 | Есперанс Тунис | Борг Ел Араб стадион, Александрија | 25,000 |
Есперанс Тунис | 1 - 2 | Ал Ахли | Стадион Олимпик д Радес, Радес | 31,000 | |
Ал Ахли победил со вкупен резултат 3 - 2 | |||||
2013 Детали |
Орландо Пајретс | 1 - 1 | Ал Ахли Спортинг Клуб | Стадион Орландо, Совето | 40,000 |
Ал Ахли | 2 - 0 | Орландо Пајретс | Стадион Араб Контрактор, Каиро | 20,000 | |
Ал Ахли победил со вкупен резултат 3 - 1 | |||||
2014 Детали |
Вита | 2 - 2 | ЕС Сетиф | Стадион Тата Рафаел, Киншаса | 40,000 |
ЕС Сетиф | 1 - 1 | Вита | Стадион Мустафа Чакер, Блида | 35,000 | |
ЕС Сетиф ја освоил титулата поради повеќе постигнати голови во гости | |||||
2015 Детали |
УСМ Алжир | 1 - 2 | TП Мазембе | Стадион Омар Хадафи, Алжир | 15,000 |
TП Мазембе | 2 - 0 | УСМ Алжир | Стадион ТП Мазембе, Лубумбаши | 35,000 | |
ТП Мазембе победил со вкупен резултат 4 - 0 . | |||||
2016 Детали |
Мамелоди Сандаунс | 3 - 0 | Замалек | Стадион Лукас Морипе, Атериџвил | 30,000 |
Замалек | 1 - 0 | Мамелоди Сандаунс | Стадион Борг Ел Араб, Александрија | 70,000 | |
Мамелоди Сандаунс победил со вкупен резултат 3 - 1. | |||||
2017 Детали |
Ал Ахли | 1 - 1 | Видад Казабланка | Стадион Борг Ел Араб, Александрија | 60,000 |
Видад Казабланка | 1 - 0 | Ал Ахли | Стадион Мохамед V, Казабланка | 65,000 | |
Видад Казабланка победила со вкупен резултат 2 - 1. | |||||
2018 Детали |
Ал Ахли | 3 - 1 | Есперанс Тунис | Стадион Борг Ел Араб, Александрија | 60,000 |
Есперанс Тунис | 3 - 0 | Ал Ахли | Стадион Олимпик д Радес, Радес | 60,000 | |
Есперанс Тунис победил со вкупен резултат 4 - 3. | |||||
2018-2019 Детали |
Видад Казабланка | 1 - 1 | Есперанс Тунис | Стадион Мохамед V, Казабланка | 50,000 |
Есперанс Тунис | Напуштено[note 1] | Видад Казабланка | Стадион Олимпик д Радес, Радес | 60,000 | |
Есперанс Тунис победил со вкупен резултат 2 - 1. | |||||
2019-2020 Детали |
Ал Ахли | 2 - 1 | Замалек | Интернационален стадион во Каиро, Каиро, Египет | 0 (поради пандемија на коронавирус) |
се играл само еден натпревар |
Рекорди и статистика
уредиУспешност по клубови
уреди- ↑ Вклучувајќи и ТП Енглберт
- ↑ Вклучувајќи и ЈЕ Тизи-Узу
- ↑ Вклучувајќи и Ивуанјанву Национале
- ↑ Вклучувајќи и Обуаси Голдфилдс
Успешност по држави
уредиДржава | Титули | Вицешампиони |
---|---|---|
Египет | 14 | 7 |
ДР Конго | 6 | 6 |
Мароко | 6 | 2 |
Алжир | 5 | 2 |
Камерун | 5 | 1 |
Тунис | 4 | 7 |
Гана | 3 | 8 |
Гвинеја | 3 | 2 |
Нигерија | 2 | 5 |
БСК | 2 | 2 |
ЈАР | 2 | 2 |
Конго | 1 | 0 |
Мали | 0 | 2 |
Судан | 0 | 2 |
Уганда | 0 | 2 |
Того | 0 | 1 |
Замбија | 0 | 1 |
Зимбабве | 0 | 1 |
Нотес
уреди- ↑ Во 59-тата минута, Валид Ел Карти постигнал гол за Видад Казабланка кој последователно бил поништен заради сигнализација за офсајд од страна на линискиот судија. Поради дефект на VAR системот, прегледот на одлуката не можел да се спроведе. Верувајќи дека голот е валиден, Видад Казабланка протестирале против одлуката и натпреварот бил прекинат. По запирањето на натпреварот во 80-тата минута, истиот бил прогласен за загубен од Видад Казабланка и му била доделена победа на Есперанс Тунис, со што тие ја обезбедиле титулата во КАФ Лигата на шампионите.[2]
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„КАФ Лига на шампиони“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место
- Official MTN CAF Champions League website Архивирано на 9 ноември 2006 г.