Замалек Спортинг Клуб

Замалек Спортинг Клуб е египетски фудбалски клуб со седиште во Гиза, Египет. Моментално се натпреварува во Премиер лигата на Египет, највисокот ниво на египетскиот фудбал.

Египет Замалек
Zamalek logo.png
Целосно имеЗамалек Спортинг Клуб
ПрекариБелите витези[1],
Кралска екипа[2]
Основан5 јануари 1911; пред 109 години (1911-01-05)
СтадионИнтернационален стадион во Каиро, Каиро, Египет
(Капацитет: 75,000)
ПретседателЕгипет Мортада Мансур
ТренерЕгипет Ехаб Галал
ЛигаПремиер лига на Египет Премиер лига на Египет
2018–19Премиер лига на Египет, 2-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Клубот е основан на 5 јануари 1911 година како Каср Ел Нел, и првично бил предводен од белгискиот адвокат Жорж Марзбах. Подоцна клубот уште неколкупати го променил своето име во Ел Мохталат во 1913 година, па во Клуб на Кралот Фарук во 1941 година, за конечно да го добие денешно име Замалек СК во 1952 година.

Замалек никогаш не испаднале во втората лига на Египет. Досега клубот има освоено 12 национални првенства, 25 национални купови како и 3 суперкупа. Гледано на континантално ниво, Замалек има освоено повеќе трофеи под покровителство на КАФ од било кој друг африкански клуб во дваесеттиот век. Клубот има 5 титули во Лигата на шампионите, 3 титули во Суперкупот на КАФ и 1 титула во Африканскиот Куп на победниците на куповите. Исто така, Замалек има освоено 2 титули во Афро-азискиот куп.

Замалек е моментално без стадион, па својте домашни натпревари моментално ги игра на Интернационалниот стадион во Каиро. Боите на клубот се белата и црвената. Домашниот дрес се состои од бела маичка со две хоризонтални црвени ленти и бели шорцеви.

ДресовиУреди

     
 
 
Classic
     
 
 
1984
     
 
 
1992–1993
     
 
 
1994–1995
     
 
 
1996–1997
     
 
 
1997–1998
     
 
 
2000–2001
  Team colours  
 
 
2002–2003
     
 
 
2005–2007
     
 
 
2008–2010
     
 
 
2011–2012
     
 
 
2012–2015
     
 
 
2015–2016
     
 
 
2016–2017

ТитулиУреди

НационалниУреди

1959–1960, 1963–1964, 1964–1965, 1977–1978, 1983–1984, 1987–1988, 1991–1992, 1992–1993, 2000–2001, 2002–2003, 2003–2004, 2014–2015
1922, 1932, 1935, 1938, 1941, 1943, 1944, 1952, 1955, 1957, 1958, 1959, 1960, 1962, 1975, 1977, 1979, 1988, 1999, 2002, 2008, 2013, 2014, 2015, 2016
2001, 2002, 2016

РегионалниУреди

1922–1923, 1929–1930, 1931–1932, 1939–1940, 1940–1941, 1943–1944, 1944–1945, 1945-1946, 1946–1947, 1948–1949, 1950–1951, 1951–1952, 1952–1953

АфриканскиУреди

1984, 1986, 1993, 1996, 2002
1994, 1997, 2003
2000

СветскиУреди

1987, 1997

ИграчиУреди

Моментален составУреди

Бр. Позиција Играч
1   ГМ Ахмед Ел Шенави
2   ОД Мохамед Магди
3   СР Тарек Хамед
4   СР Ахмед Тавфик
5   ОД Али Габр
6   СР Махмуд Абдел-Ати
7   ОД Хазем Емам  
8   СР Мохамед Ашраф
9   НП Калед Камар
10   НП Јусеф Обама
11   НП Мохамед Ал Шами
14   СР Ајман Хефни
15   СР Маруф Јусеф
16   ГМ Махмуд Гениш
17   НП Басем Морси
Бр. Позиција Играч
18   НП Ахмед Рефат
19   СР Емад Фати
20   СР Мохамед Ибрахим
21   СР Ахмед Мадбули
22   СР Абдала Гомаа
23   НП Кабонго Касонго
24   ОД Махмуд Ала
25   СР Ахмед Давуда
27   НП Бенџамин Ачеампонг
28   ОД Махмуд Хамди
29   ОД Моајад Аџан
30   НП Нана Поку
31   ГМ Омар Салах
32   ГМ Махмуд Абдел Монсеф
33   ОД Ахмед Фотух

Познати поранешни играчиУреди

НаводиУреди

  1. Parrish, Charles; Nauright, John (21 April 2014). „Soccer around the World: A Cultural Guide to the World's Favorite Sport“. ABC-CLIO – преку Google Books.
  2. „CAF on Twitter“.

Надворешни врскиУреди