Историја на Косово

Историја

уреди
 
Етничка карта на Косово, 2005.
Етнички групи на Косово
Година Албанци Срби1 Други
1455 1 % 98 % 1 %
1871 32 % 64 % 4 %
1899 48 % 44 % 8 %
1921 66 % 26 % 8 %
1931 69 % ?? % ? %
1939 60 % 34 % 5 %
1948 68 % 27 % 5 %
1953 65 % 27 % 6 %
1961 67 % 27 % 6 %
1971 74 % 21 % 5 %
1981 77 % 15 % 8 %
1991 82 % 11 % 7 %
20002 88 % 7 % 5 %
20072 92 % 5 % 3 %
1 вклучувајќи ги и Црногорците
2 приближен податок
Извор: Статистичката служба на Косово,
Светска банка (2000), OSCE (2005)

Територијата на Косово била населена уште од антички времиња. На територијата на Косово во антиката опстојувала државата Дарданија која била населена со античкиот народ - Дарданци. Во времето на македонскиот цар Филип II Македонски (таткото на Александар Македонски) Дарданија била освоена и приклучена кон Македонското царство.

Со доаѓањето на Словените на Балканот, Косово ќе стане еден од центрите на православието и словенската писменост. За време на средниот век Косово било дел од средновековните српски држави на царот Душан и царското семејство Немањиќи и во тоа време се изградени најголем дел од манастирите на Косово и Метохија, како што се манастирите Грачаница, Дечани итн. Во градот Пеќ во Метохија подоцна ќе биде формирана Пеќската патријаршија.

Кон крајот на XIV век на Косово ќе се одигра една од најголемите битки со Турците Османлии. Во 1389 година на Косово Поле на местото Газиместан ќе се одигра познатата Косовска Битка во која српските кнезови ќе бидат поразени од страна на Турците, а Милош Обилиќ ќе го убие султанот Мурат во неговиот шатор. Денес на Газиместан се наоѓа спомен костурница од битката и турбе на султанот Мурат.

Со доаѓањето на Турците започнуваат процесите на исламизација и првите доселувања на Албанците на Косово, кои ќе земат пошироки размери кон крајот на XIX век. За време на османската власт Косово се стекнува со статусот Косовски Вилает. За време на Балканските војни, српската војска повторно ќе води битка со Турците на Косово за негово приклучување кон Кралството Србија. Во ова време за Косово се користело името Стара Србија.

За време на Втората светска војна, поголемиот дел на Косово ќе потпадне под италијанска окупација (подоцна под албанска), а мал дел (југоисточниот дел) во околината на Урошевац и Гнилане ќе биде под бугарска окупација. Во градот Призрен во Метохија ќе биде потпишан познатиот договор „Призренска лига“ за формирање на албанската фашистичка организација Bali Kombëtar.

Во 1974 година Косово се стекнува со статусот „социјалистичка автономна покраина“ на Србија и Југославија, и во нејзе покрај српскиот службен јазик ќе стане и албанскиот. Со здобивањето на овој статус се направени значајни чекори во развојот на Косово, бидејќи се отворени универзитет, театри и други културни и научни установи на албански јазик. По смртта на Јосип Броз Тито, во 1981 година ќе се случат познатите студентски демонстрации кои подоцна ќе прераснат во општонародни демонстрации со барање Косово да добие статус на седма република во Југославија. Со доаѓањето на Слободан Милошевиќ како владин претставник во Косово и неговиот говор на Газиместан по повод 600-годишнината од Косовската битка тензиите меѓу косовските Албанци и српските власти уште повеќе ќе нараснат, што ќе резултитра со почеток на воените судири во 1997 година.

По воената интервенција на НАТО врз СР Југославија во 1999 година, на Косово се стационираат силите на меѓународната заедница и Косово се здобива со статус на „меѓународен протекторат“. Во 2008 Косово прогласува независност од Република Србија.

Поврзано

уреди