Историја на Ерменија
Праисторија
уредиНа просторот на денешна Ерменија, во околу 6 век п.н.е. ерменците се населиле во царството Урарту. Во времето на Тигран Велики (95 п.н.е.- 45 п.н.е.), ерменската држава го достигнала својот најголем подем и станала една од најголемите и најсилните држави во Азија. Во тоа време, таа се протегала од Касписко езеро до Средоземно Море. Во текот на својата античка историја, Ерменија била постојанен сојузник на Македонците, римјаните итн.
Кралство Ерменија
уредиЕрменија станала првата држава која го примила христијанството како официјална религија во 301 година.[1][2][3]
Последното Ерменско царство (1050 - 1375) опфаќало територии од денешна југоисточна Турција.
Среден век
уредиЕрменците во Отоманското Царство припаѓале на Ерменската апостолска црква, Ерменската католичка црква и Ерменската протестантска црква. Во составот на Отоманското Царство тие претежно живееле во ерменскиот милет.
Денешната територија на Ерменија од страна на Османлиите започнала да потпаѓа во времето на Мехмед II и целосното зазимање завршило во времето на Селим II (1524 - 1574). Османлиското владеење на Ерменија траело околу 300 години кога по Руско-турската војна (1828-1829) Источна Ерменија била отстапена на Руската Империја. Западниот дел од земјата под османлиско владеење била до поразот на империјата во Првата светска војна.
Во текот на османлиското владеење дел од елитните ерменски семејства имале голема доверба кај султанот и добиле можност да допрат до големи позиции во власта. Со текот на времето бројот на Ерменците постојано се намалувал главно поради тоа што биле третирани како народ од втора класа или пак поради разни прогони па дури и геноциди.
Во Цариград по 1453 година продолжила да опстојува Ерменската апостолска црква предводена од ерменскиот патријарх. Ерменците живееле во шест вилаети и тоа Ерзурум, Ван, Битлиш, Дијарбекир, Карпут и Сивас
По Берлинскиот конгрес се отворило т.н. Ерменско прашање кое се однесувало во преден план за заштита на населението. Ерменското прашање станало дел од Источното прашање во меѓународната политика. Во империјата било формирано Ерменска револуционерна организација која се борела за решавање на ерменското прашање и подем на ерменскиот национализам.
Поради ова следувале серија од бунтови и востанија од страна на ерменските сили кои завршувале безуспешно. Во текот на Првата светска војна ерменското население било подложено на масовно истребувње од империјата. По крајот на војната Ерменија за кратко станала независна држава.
Светски војни
уредиРепублика Ерменија била основана на 28 мај 1918 година, по поразот на Османлиското Царство во Првата светска војна. Како таква, функционирала до 29 ноември 1920 година, кога била заземена од советската армија. На 12 март 1922 година Грузија, Ерменија и Азербејџан се обединиле како Закавказка Советска Федеративна Социјалистичка Република. Од 1936 година, Ерменија станала оделна република во рамките на СССР.
Најнова историја
уредиНа 23 август 1990 година е преименувана во „Република Ерменија“, која што беше во составот на СССР уште една година, а потоа добива суверенитет во 1991 година.
Наводи
уреди- ↑ Encyclopaedia Britannica.: Armenian Apostolic Church;
Armenia became the first country to adopt Christianity about 300 ce, when St. Gregory the Illuminator converted the Arsacid king Tiridates III.
- ↑ Encyclopaedia Britannica.: Saint Gregory the Illuminator;
He returned to Armenia in the midst of a Christian persecution pressed by King Tiridates III (who was a zealot for the regional idols) and was imprisoned in a burial pit. After being rescued, Gregory reputedly converted the king about 300, and Tiridates then became the first monarch in history to impose Christianity on his people. He did so about 20 years before Constantine I.
- ↑ Большая советская энциклопедия.: Аршакиды армянские;
При Тиридате III Великом [287—332] христианство стало около 301 государственной религией в Армении.