Исмаил Кадаре

(Пренасочено од Исмаил кадаре)

Исмаил Кадаре (албански: Ismail Kadare, француски: Ismail Kadaré; 28 јануари 19361 јули 2024) — албански писател кој ужива голема меѓународна репутација. Тој ја започнува својата литературна кариера како поет во 1950-тите години. Во шеесеттите, тој ја пренасочува својата креативна енергија кон прозата и многу скоро станува нејзин неоспорен мајстор и најпопуларен албански писател. Во 1992, е награден со Prix mondial Cino Del Duca, а во 2005 ја освојува првата награда на Man Booker International и неколкупати бил номиниран за Нобеловата награда.[1]

Исмаил Кадаре
Ismail Kadare
слика на Кадаре
Роден/а28 јануари 1936(1936-01-28)
Ѓирокастро, Албанија
Починат/а1 јули 2024(2024-07-01) (возр. 88)
Тирана, Албанија
Занимањеписател, поет
НационалностАлбанија Албанец
Период1954 – 2024
Книжевно движењепостмодернизам
Значајни делаГенералот на мртвата војска“ (1963)

Неговите дела се преведени на 50 светски јазици. Член е на француската академија, како и на уште неколку други значајни светски институции и асоцијации. Досега има објавено десетина книги поезија, раскази и романи и есеи, од кои најпознато дело му е романот Генералот на мртвата војска. Денес живее во Париз.

Библиографија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Податоци за Кадаре (traduki.eu)“. Архивирано од изворникот на 2011-11-15. Посетено на 2012-12-29.