Крањска Гора
Крањска Гора (словенечки: Kranjska Gora; германски: Kronau[1]) — населба во Општина Крањска Гора во северозападна Словенија со околу 1.500 жители. Населбата е центар на општината Крањска Гора и важен туристички и зимски спортски центар. Областа е дел од историскиот регион Горењска. Населбата сега е вклучена во Горењскиот статистички регион. Се наоѓа крај реката Сава Долинка, на тромеѓато помеѓу Словенија, Австрија, Италија.
Крањска Гора Kranjska Gora | ||
---|---|---|
Местоположба во Словенија. | ||
Координати: 46°29′7.4″N 13°47′13.6″E / 46.485389° СГШ; 13.787111° ИГД | ||
Држава | Словенија | |
Традиционален регион | Горењска | |
Статистички регион | Горењски | |
Општина | Крањска Гора | |
Површина | ||
• Вкупна | 44,68 км2 (17,25 ми2) | |
Надм. вис. | 806,3 м | |
Население (2020) | ||
• Вкупно | 1.519 | |
• Густина | 34/км2 (88/ми2) | |
Час. појас | UTC+1 | |
Пошт. бр. | 4280 |
Околу центарот на старото село изграден е нов, претежно туристички дел од населбата со хотели, апартмани и викендички, рекреативни содржини, продавници и жичарници, како и скијачки патеки и мрежа од велосипедски и пешачки патеки.
На Крањска Гора се одржуваат меѓународни скијачки натпревари во алпско скијање во Витранц и скијачки скокови на Планица .
Крањска гора ја опфаќа и туристичката населба Јасна покрај истоименото езеро покрај патот за Вршич и делови од главната населба
Историја
уредиСе верува дека Крањска Гора била населена во 11 век од Словенци од Карантанија.[2] [3] Во 14 век низ градот поминувал трговскиот пат до Тарвизио. Во 1431 година, грофовите од Целје изградиле замок во Вила Баса (сега дел од Тарвизио), кој му припаѓал на градот до 1848 година. Крањска Гора била нападната од Османлиите во 1476 година. Во 1870 година била изградена железничка пруга до Крањска Гора. [3]
Наводи
уреди- ↑ Leksikon občin kraljestev in dežel zastopanih v državnem zboru, vol. 6: Kranjsko. Vienna: C. Kr. Dvorna in Državna Tiskarna. 1906. стр. 144.
- ↑ Savnik, Roman (1968). Krajevni leksikon Slovenije, vol. 1. Ljubljana: Državna založba Slovenije. стр. 116.
- ↑ 3,0 3,1 Krajevni leksikon Dravske Banovine. 1937. Ljubljana: Zveza za tujski promet za Slovenijo, p. 540.