Отвори го главното мени

Бјорн Руне Борг (швед. изг. [bjœːɳ bɔrj] ( слушнете); роден на 6 јуни 1956) е поранешен бр. 1 тенисер од Шведска. Помеѓу 1974 и 1981 тој освоил 11 Гренд слем титули. Тој пет пати едноподруго го освојувал Вимблдон и шест пати вкупно Отвореното првенство на Франција, рекорд кој подоцна бил соборен од Рафаел Надал.[2][3] Според многумина, тој е еден од најдобрите тенисери на сите времиња.[4][5][6]

Бјoрн Борг
Björn Borg2.jpg
ИмеБјoрн Руне Борг
Земја Шведска
Место на живеењеСтокхолм, Шведска
Роден на6 јуни 1956 (1956-06-06) (63 г.)
Роден воСедертелје, Шведска
СпортTennis pictogram.svg Тенис
Висина&100000000000001800000001,80 м
Професионалец1973 (меѓународно деби во 1971)
Пензинониран(а)4 април 1983[1] (камбек од 1991 до 1993)
Игра со• десна рака
• дворачен бекхенд
Заработка$ 3,655,751
Куќа на славни1987 (member page)
Победи-порази609–127 (82.7%)
Титули64
Највисок пласманБр. 1 (23 август 1977)
Австралијан Опен3R (1974)
Ролан ГаросW (1974, 1975, 1981, 1979, 1980, 1981)
ВимблдонW (1976, 1977, 1978, 1979, 1980)
УС ОпенF (1976, 1978, 1980, 1981)
Други турнири
Мастерс купW (1979, 1980)
Победи-порази86–81 (51.2%)
Титули4
Ажурирано на: 23 јануари 2012.

За време на неговата релативно кратка сениорска кариера, Борг освоил 41% од Гренд слем турнирите на кои настапил (11 од 27) и неговиот процент на победи на Гренд слем натпреварите изнесувал 89.81% (141–16). Неговиот процент од победи-порази на сите подлоги (тепих, земја, тврда, и трева) изнесувал 82.74% (609–127), и неговиот процент на победи на Вимблдон изнесувал 92.73% (51–4); сите претставуваат АТП рекорди. Тој е еден од четворицата тенисери во опен ерата кој успеал да ги освои Вимблдон и Отвореното првенство на Франција во една година и единствениот тенисер кој тоа го сторил три пати. Исто така тој е единствениот тенисер кој успеал да освои три Гренд слем турнири без да загуби ниту еден сет. Тој бил првиот тенисер кој успеал да освои 10 Гренд слем турнири (пред да биде надминат од Пит Сампрас со 14, Рожер Федерер со 17, и Рафаел Надал со 14 титули). На АТП турнејата, тој освоил вкупно 64 титули.

Бјорг бил првиот играч кој успеал да освои повеќе од 1 милион долари во една сезона, во 1979.

НаводиУреди

  1. „Bjorn Borg:History“. 
  2. "Compare and contrast", Jon Wertheim, Sports Illustrated, 23 September 2002
  3. "Borg still making the shots", Douglas Robson, USA Today, 25 May 2006
  4. "Navratilova joins Laver and Borg on the shortlist (as voted for by . . . Navratilova)", Alastair Campbell, The Times, 3 July 2004
  5. "When he was king", Tim Pears, The Observer, 5 June 2005
  6. Top 10 Men's Tennis Players of All Time“, „Sports Illustrated“ (посет. 23 септември 2010 г).

Надворешни врскиУреди