Херман Мајер
Херман Мајер (германски:Hermann Maier; роден на 7 декември 1972 година) е австриски скијач, двократен олимписки шампион од 1998 година, трикратен светски шампион, четирикратен победник на Светскиот куп во генералниот пласман (1998, 2000, 2001, 2004 година). Во текот на кариерата го добил прекарот „Херминатор“, и тој е рангиран меѓу најдобрите алпски скијачи на сите времиња. Со своите 54 победи на трките од Светскиот куп - 24 супервелеслаломи, 15 спуста, 14 велеслаломи и 1 комбинација е рангиран на третото место на вечната листа за мажи (зад 86-те победи на Ингемар Стенмарк и 67-те победи на Марсел Хиршер). До 2013, го држел рекордот за најмногу освоени поени во една сезона од машки алпски скијач, со 2000 поени во сезоната од 2000 година. Од 2000-2013 година тој исто така го држел рекордот за најмногу освоени поени во една сезона (и за мажи и за жени), а Тина Мазе го надминала тоа достигнување со освоените 2414 поени во сезоната 2013.
Алпски скијач | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Херман Мајер во ноември 2009 г. | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплини | Спуст, Супервелеслалом, Велеслалом, Комбинација | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Клуб | USC Флахау | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден(а) | 7 декември 1972 Алтенмарк им Понгау, Салцбург, Австрија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1.81 м (5 ст 11 ин) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Деби на Светскиот куп | 10 февруари 1996 (на 23 години) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Пензиониран | Октомври 2009 (на 36 години) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мрежна страница | hm1.com | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Olympics | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Екипи | 2 (1998, 2006) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Медали | 4 (2 gold) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
World Championships | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Екипи | 6 (1999–2009) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Медали | 6 (3 gold) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Светски куп | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Сезони | 12 (1997-2001, 2003-2009) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Победи | 54 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Подиуми | 96 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Севкупни титули | 4 (1998, 2000, 2001 и 2004) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплински титули | 10 (2 СПУ, 5 СВС, 3 ВС) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
Почетни чекори во скијањето
уредиНа свои 15 години Мајер, од скијачката школа во Шладминг. бил испратен дома затоа што тренерите го сметале за безнадежен, поради ситниот раст. Тој се вратил во неговиот роден град Флахау и на лето работел како ѕидар а на зима во скијачката школа на неговиот татко како инструктор за скијање.
Мајер станал повеќекратен регионален шампион во Салцбург и Тирол, но сепак не можел да се избори за место во силниот австриски скијачки тим од Светскиот куп. На 6 јануари 1996 година, неговиот извонреден талент за прв пат бил забележан од австриските тренери, кога на Светскиот куп во Флахау завршил со 12-то најбрзо време во велеслалом, иако бил тест скијач, и не учествувал во официјалната конкуренција.[1] Ова било отскочна даска за неговата меѓународна кариера. Со резултатот од Флахау го привлекол вниманието на ÖSV (Австриската скијачка федерација) и само два дена подоцна настапил за прв пат во Европа купот во Лез Арк и го освоил второто место. Следниот ден успеал да победи. Иако ја започнал сезоната во Купот на Европа кон средината на декември и не стартувал на сите трки, тој ја освоил титула во Купот на Европа во генерален пласман, како и титулата во велеслалом.[2][3]
Скијачка кариера
уредиМајер дебитирал во Светскиот куп на 23-годишна возраст на 10 февруари 1996 година и завршил на 26-тото место во велеслаломот во Хинтерстодер, Австрија. Една година подоцна, во февруари 1997 година, за прв пат победил на трка од Светскиот куп - супервелеслаломот во Гармиш-Партенкирхен. Мошне брзо се етаблирал како експлозивен и динамичен скијач, познат по својата сила, подготвеност да ризикува и силна работна етика.
Мајер набрзо доминираше во алпските скијачки трки, и го освоил златниот медал во велеслалом и супервелеслалом на Зимските олимписки игри 1998 година во Нагано, неколку дена по несреќата во спуст кога излетал од патеката и паднал на глава, и неколку пати се превртел и пробил низ два слоја Б-мрежа. Мајер ја освои титулата во генерален пласман во Светски куп во 1998 година.
Во 2000 година ја освои титулата во генерален пласман на Светскиот куп, како и титули во спуст, супервелеслалом и велеслалом. Тој доминирал на скијчките терени, и собрал тогаш рекордни за алпски скијач 2000 поени. Овој рекорд го соборила Тина Мазе во 2013 година кога освоила 2.414 поени.[4]
Неговата скијачка кариера речиси била готова по сообраќајната несреќа од 24 август 2001 година; кога возејќи мотор се судрил со автомобил додека се враќал дома од летен тренинг во Австрија. Лекарите за малку ќе му го ампутирале долниот дел од десната нога, но сепак, Мајер беше подложен на голема реконструктивна операција . Поради несреќата ги пропуштил Зимските олимписки игри 2002 во Солт Лејк Сити. На меѓународните натпревари се вратил во јануари 2003 година во Аделбоден, Швајцарија, а две недели подоцна ја освоил титулата супервелеслалом во скијачката Мека во Кицбиел, Австрија.
Поради навидум неуништливата природа, тој понекогаш на шега е познат како „Херминатор“.[5]
Во 2004 година, Мајер напишал автобиографија. Книгата Херман Мајер: Трката на мојот Живот (на германски:Hermann Maier: Das Rennen Meines Lebens), во која што претежно пишувал за неговото закрепнување од несреќата во 2001 година.
Мајер го најавил своето пензионирање во 2009 година по тринаесет години натпреварување во Светскиот куп.[6]
Резултати од Светскиот куп
уредиСезонски титули
уреди- 14 титули: 4 генерален пласман, 2 спуст, 5 супервелеслалом, 3 велеслалом
Сезона | Дисциплина |
---|---|
1998 | Генерален пласман |
Супервелеслалом | |
Велеслалом | |
1999 | Супервелеслалом |
2000 | Генерален пласман |
Спуст | |
Супервелеслалом | |
Велеслалом | |
2001 | Генерален пласман |
Спуст | |
Супервелеслалом | |
Велеслалом | |
2004 | Генерален пласман |
Супервелеслалом |
Сезонски пласман
уредиСезона | Возраст | Генерален пласман | Слалом | Велеслалом | Супервелеслалом | Спуст | Комбинација |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1996 | 23 | 106 | - | 52 | 34 | - | - |
1997 | 24 | 21 | - | 15 | 4 | - | - |
1998 | 25 | 1 | 39 | 1 | 1 | 2 | 2 |
1999 | 26 | 3 | - | 3 | 1 | 6 | 6 |
2000 | 27 | 1 | - | 1 | 1 | 1 | 2 |
2001 | 28 | 1 | - | 1 | 1 | 1 | - |
2002 | 29 | повреден во август 2001 година во сообраќајна несреќа со мотор, аут цела сезона | |||||
2003 | 30 | 45 | - | - | 19 | 25 | - |
2004 | 31 | 1 | - | 17 | 1 | 3 | 10 |
2005 | 32 | 3 | - | 4 | 2 | 3 | 9 |
2006 | 33 | 6 | - | 8 | 2 | 7 | 42 |
2007 | 34 | 19 | - | 16 | 6 | 18 | - |
2008 | 35 | 21 | - | 30 | 10 | 16 | - |
2009 | 36 | 26 | - | - | 4 | 21 | - |
Победи на трки
уреди- 54 победи: 15 спуст, 24 супер-џи, 14 велеслалом, 1 комбинирано
- 96 подиуми: 25 DH, 38 SG, 28 GS, 4 K, 1 паралелен слалом
Резултати од Светски првенства
уредигодина | Возраст | Слалом | Велеслалом | Супер Г | Спуст | Комбинација |
---|---|---|---|---|---|---|
1999 | 26 | - | DNF2 | 1 | 1 | - |
2001 | 28 | - | 4 | 3 | 2 | - |
2003 | 30 | - | - | 2 | 8 | - |
2005 | 32 | - | 1 | 4 | 17 | - |
2007 | 34 | - | 21 | 7 | 13 | - |
2009 | 36 | - | - | 18 | 6 | - |
Олимписки резултати
уредигодина | Возраст | Слалом | Велеслалом | Супер Г | Спуст | Комбинација |
---|---|---|---|---|---|---|
1998 | 25 | - | 1 | 1 | DNF | - |
2006 | 33 | - | 3 | 2 | 6 | - |
Видео
уреди- YouTube.com – Ханенкам (целосен курс) – 9-то место – 24 јануари 2004 г.
- YouTube.com – Олимпијада 1998 – спуст Нагано (несреќата) и велеслалом (второ возење) – златен медал
Наводи
уреди- ↑ Hermann Maier career, (на германски), 16 February 2021
- ↑ FIS alpine skiing Europa Cup calendar, Europa Cup calendar of the season 1995-1996, 16 February 2021
- ↑ FIS alpine skiing Europa Cup standings, Europa Cup standings of the season 1995-1996, 16 February 2021
- ↑ New York Daily News, "Tina Maze is the Slovenian beauty who'll be Lindsey Vonn's biggest adversary at the Sochi Winter Olympics in 2014", Nathaniel Vinton, 16 March 2013
- ↑ Espen, Hal (28 October 2003). Outside 25: Classic Tales and New Voices from the Frontiers of Adventure. W. W. Norton & Company. стр. 269. ISBN 978-0-393-32503-4. Посетено на 25 March 2011.
- ↑ sportsillustrated.com Архивирано на 25 октомври 2012 г., 13 October 2009
Надворешни врски
уреди- Пласман на Светскиот куп Херман Мајер во Меѓународната скијачка федерација
- Херман Мајер на Меѓународниот олимписки комитет
- Херман Мајер на Sports Reference
- hm1.com – лична страница – (in German)
- Sports Illustrated – корица – 23 февруари 1998 година – полупревртено, излегување од Олимпискиот спуст во 1998 година