Изабела II од Шпанија
Крал на Шпанија
На престол29 септември 1833–30 септември 1868
ПретходникФернандо VII од Шпанија
НаследникАмадеј I од Шпанија
РегентМарија Кристина
Балдомеро Еспартеро
ПочивалиштеМадрид,Ел Ескоријал, Шпанија
СопружникFrancis, Duke of Cádiz
ДецаИзабела Шпанска, принцеза на Астурија
Алфонсо XII од Шпанија
Марија де ла Паз Шпанска
Еуалија Шпанска
ДинастијаБурбонска династија
ТаткоФернандо VII од Шпанија
МајкаМарија Кристина

Изабела II била првата жена која станала кралица на Шпанија, доколку не се бројат жените кои го носиле престолот во Кралство Арагон и Кралство Кастиља, пред да биде објавено обединувањето на Шпанија.

Изабела е родена во Мадрид на 10 октомври 1830 година. Таа е најголемата ќерка на кралот Фернандо VII од Шпанија и неговата четврта сопруга Марија Кристина. Изабела за кралица била прогласена на 29 септември 1833 година. Бидејќи била малолетна, од нејзино име управувала нејзината мајка Марија Кристина.

Биографија

уреди

На престолот застанала кога нејзиниот татко успеал да ги убеди Кортесите да го сменат Саличкиот закон којшто бил воведен во Шпанија во XVIII век од страна на Бурбонската династија и да се врати стариот закон според кој н а престолот може да застане и жена. По смртта на татко ѝ, престолот на Изабела бил оспоруван од страна на нејзиниот чичко дон Карлос кој сметал дека Фернандо незаконско го вратил стариот закон во употреба.

Така, Дон Карлос решил да употреби сила кое довело до т.н. Карлистки војни. И покрај тоа што Дон Карлос имал голема поддршка од Римокатоличката црква и конзервативните опции во Шпанија, Изабела успеала да го задржи престолот благодарејќи на шпанската армија и нејзината мајка.

Во 1843 година, принцот Вергара бил отстранет преку државен преврат на чело сп генералите Доналд и Нерваез кои формирале нова влада раководена од Јоаким Марија Лопес. Неговата влада ги принудиле Кортесите да ја признаат тринаесетгодишната Изабела за кралица. така, по три години благородниците од Кастиља ја признале Изабела за своја кралица.

На 10 октомври 1846 година Изабела се омажила за Франсиско де Асизи де Бурбон. Управувањето на Изабела било проследено како период на интриги во кралскиот двор, надворешни влијанија, воени преврати. Во 1859 година започнала Шпанско-Мароканската војна која завршила со договор според кој Мароко била принудена да и отстапи територии на Шпанија.

Овој успех е еден од малкуте кои ги постигнала Изабела ако се има предвид неуспешните војни со Чиле и Перу од 1864 до 1866 година, по кое настапил периодот на конечното распаѓање на Шпанската империја во Америка. Во 1868 година започнала војната за независност на Куба и Порторико, кое доведува до повторно разочарување на шпанскиот народ.

Во септември 1868 година избувнала револуција предводена од страна на либералните и републиканските сили. Во битката, позициите на шпанската војска доживеала пораз којшто пораз ја принудила Изабела II да абдицира во Франција.

Во Париз таа била принудена да се откаже од престолот и на 25 јуни абдицирала во корист на синот Алфонсо XII од Шпанија, преку кое се дало знак за повторна реставрација на Бурбонската династија во Шпанија. Во 1874 година Алфонсо се вратил во Шпанија и го зазел официјално престолот.

Во Франција, Изабела се разделила од нејзиниот сопруг, и било дозволено да го посетува синот си во Шпанија но не и да се врати во дворецот. Така, таа во Париз се задржува до крајот на нејзиниот живот кој завршил на 10 април 1904 година.

Прославата на празникот на шпанската кралица Изабела II во Сајгон на 17 јануари 1863 година.