Алфонсо XII (Шпанија)

(Пренасочено од Алфонсо XII од Шпанија)
Алфонсо XII од Шпанија
Крал на Шпанија
На престол29 декември 1874 – 25 ноември 1885
ПретходникПрва Шпанска република
НаследникАлфонсо XIII од Шпанија
СопружникМарија-Мерседес Орлеанска
Марија-Кристина од Австрија
ДецаМерседес Астурска
Марија Тереза од Шпанија
Алфонсо XIII од Шпанија
ДинастијаБурбонска династија
ТаткоФрансис, херцог на Кадис
МајкаИзабела II од Шпанија

Алфонсо XII од Шпанија наречен Миротворецкрал на Шпанија од Бурбонскатa династија во периодот од 1874 до 1885 година. На шпанскиот престол се качува по државниот преврат со кој бил означен крајот на Првата Шпанска република.

Алфонсо е роден на 28 ноември 1857 година во дворецот Ел Пардо, Мадрид. Тој е син на шпанската кралица Изабела II од Шпанија и Франсиско се Асизи Бурбонски. Во времето кога во Шпанија избувнала т.н. Славна револуција, кралицата Изабела II од Шпанија била принудена да побегне во Франција. Така, во 1868 година таа заедно со Алфонсо и целото семејство пристигнале во Париз. Од Париз, Алфонсо бил испатен на Воената академија во Виена. На 25 јуни 1870 година тој се вратил во Париз каде мајка му абдицирала во негова корист. Така, со нејзин декрет од 25 јуни 1870 година, Алфонсо бил објавен за крал на Шпанија под името Алфонсо XII, и покрај тоа што претходно немал крал под името Алфонсо XI. На 1 декември 1874 година, “прогонетиот крал“ издал декрет според кој се објавил за единствен крал на Шпанија. Кон крајот на истата година, Мартинес Кампос влегол во Валенсија поставувајќи го знамето на кралот Алфонсо, извршувајќи воен преврат.

По само неколку денови, Алфонсо XII пристигнал во Мадрид каде бил пречекан од огромна толпа на народ. Во следната година тој започнал борба против Карлистите при кое Дон Карлос конечно бил поразен и принуден да се откаже од престолот.

На 23 февруари 1878 година се оженил за својата роднина Марија Мерседес Орлеанска. Кралицата починала по само шест месеци по свадбата. На 29 ноември 1879 година се оженил за друга своја подалечна роднина, Марија Кристина Австриска. Тие имале три деца, Мерседес Астурска, Марија Тереза од Шпанија, Алфонсо XIII од Шпанија.

Алфонсо починал на 25 ноември 1885 година од туберколоза.