Ескоријал

(Пренасочено од Ел Ескоријал)

Ескоријал (шпански: Real Monasterio de San Lorenzo de El Escorial, македонски: Кралски манастир Св. Лаврентиј „Ескоријал“) — огромен дворец, августински манастир, музеј и библиотека кој се наоѓа во Сан Лоренсо де Ел Ескоријал, гратче 45 км северозападно од Мадрид во истоимената автономна заедница во Шпанија.

Ескоријал
Модел на дворецот
Влезот на дворецот
Кралската гробница „Пантеон“

Дворецот бил изграден по наредба на кралот Филип II.[1] [2] Изградбата траела од 1563 и 1584 година, а денес Ел Ескоријал е најголема ренесансна градба во светот.[3]

Изградба и намена

уреди

Дворец е сместена до планината Абантос во рамките на Сиера де Гвадарама. Изградбата на овој монументален комплекс била нарачана од кралот Шпанија за да ја одбележи победата во Св. Квентенската битка во 1557 со војската на францускиот крал Анри II. Комплексот е наменет да служи и како некропола како здомувањето на останките на Филиповите родители, Карлос I и Изабела Португалска, како и своите и оние на неговите потомци. Дворецот служел и место за изучување во полза на противреформацијата.

Манастирот станал гробница на шпанските кралеви низ следните пет века, од династите Хабсбурговци и Бурбони. Кралската гробница „Пантеон“ ги чува останките на светиот римски цар Карл V (Карлос I на Шпанија), Филип II, Филип III, Филип IV, Карлос II, Луис I, Карлос III, Карлос IV, Фердинанд VII, Изабела II, Алфонсо XII и Алфонсо XIII. Двајца Бурбони, Филип V и Фердинанд VI, како и Амадео I Савојски (1870-1873), не се погребани овде.

Камен-темелникот на зградата е удрен на 23 април 1563. Изградбата ја надгледувал архитектот Хуан Баутиста де Толедо, кој не доживеал да ја види зградата завршена, бидејќи умрел во 1567. Со неговата смрт, управата на изградбата ја добил неговиот чирак Хуан де Ерера, кој ја довршил во 1584.

По план зградата е решеткаста; по традиција ова се мисли дека е сторено во чест на Св Лаврентиј, кој станал маченик со топа што бил печен реш. Неговата слава е на 10 август, истот датум на кој се одиграла Св. Квентенската битка.

Меѓутоа во реалност овој план бил смислен подоцна, и тоа по урнек на описот на Соломоновиот храм од јудео-римскиот историчар Флавиј Јосиф. Поради фактот што комплексот требал да содржи машки и женски манастир, гробница, базилика, училиште, библиотека, и дворец, тој испаднал двојно поголем од првично замисленото.

Од обете страни на црковниот влез се поставени статуите на Давид и Соломон, како потесетник за потеклото на дворецот, а и како споменици на разликите помеѓу Карл V и претпазливо-мудриот Филип II. Соломон се појавува повторно, овој пат на фреска во средината на библиотеката.

Овој комплекс е и огромна ризница на уметнички дела како оние на Тицијан, Тинторето, Ел Греко, Веласкес, Рогир ван дер Вејден, Паоло Веронезе, Алонзо Кано, Хосе де Рибера, Клаудио Коељо и други. Библиотеката содржи илјадници бесценети прастари ракописи како збирката на мароканскиот султан Зидан Абу Мали (вл.16031627). Главното скалиште е дело на Џамбатиста Кастело.

На 2 ноември 1984, УНЕСКО го прогласува дворецот за место на Светското наследство.[4][5][6][7][8] Ова е неверојатно популарна туристичка атракција.

Наводи

уреди
  1. Roller, Sarah (November 24, 2020). „El Escorial“. History Hit. Архивирано од изворникот на May 26, 2022. Посетено на December 5, 2022.
  2. „The Monastery of El Escorial: all its history“. Ingeo Expert. January 23, 2020. Посетено на December 5, 2022.
  3. Tietz, Tabea (13 September 2020). „El Escorial – The World's largest Renaissance Building“. SciHi Blog. Посетено на 3 August 2021.
  4. Roller, Sarah (November 24, 2020). „El Escorial“. History Hit. Архивирано од изворникот на May 26, 2022. Посетено на December 5, 2022.
  5. „Monastery and Site of the Escurial, Madrid“. UNESCO. Архивирано од изворникот на September 22, 2022. Посетено на December 4, 2022.
  6. „5 Things to see inside El Escorial: Spain's Magnificent Royal Monastery“. Head Out. November 8, 2022. Архивирано од изворникот на June 28, 2022. Посетено на December 4, 2022.
  7. „El Escorial. History, Content, Significance“. Spain Then and now. Архивирано од изворникот на March 31, 2022. Посетено на December 4, 2022.
  8. „The Monastery of El Escorial: all its history“. Ingeo Expert. January 23, 2020. Посетено на December 5, 2022.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди