Зигост
Зигост или Зигости (грчки: Μεσόλακκος, Месолакос; до 1927 г. Ζυγόστι, Зигости[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 49 жители (2011).
Зигост Μεσόλακκος | |
---|---|
Координати: 40°5′N 21°31′E / 40.083° СГШ; 21.517° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребен |
Општина | Гребен |
Општ. единица | Гребен |
Надм. вис. | 610 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 49 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на околу 9 км источно од градот Гребен, во близина на реката Бистрица, на нејзината десна страна, на надморска височина од 610 м.[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Зигост било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Зигост живееле 170 Грци.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Зигос се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 24 куќи.[5]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Зигост живееле 140 Грци христијани.[6]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 175 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 160.[3]
Во 1927 година, името на селото било променето во Месолакос (Μεσόλακκος).
Стопанство
уредиСелото располага со плодни обработливи површини чиј дел се наводнува. Населението произведува жито, овошје и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и краварство.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 217 | 222 | 233 | 158 | 116 | 70 | 84 | 49 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Πανδέκτης: Zygosti -- Mesolakkos“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-08-01.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 116–117.
- ↑ „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.46“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-08-01.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 72.
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.