Ламшпринге (германски: Lamspringe) — село и слободна општина во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа 20 километри јужно од Хилдесхајм.

Ламшпринге
Главната улица во Ламшпринге
Главната улица во Ламшпринге
Главната улица во Ламшпринге
Грб на Ламшпринге
Ламшпринге во рамките на Германија
Ламшпринге
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хилдесхајм
Градоначалник Ларс Хер (СДП)
Основни податоци
Површина 70,46 км2
Надм. височина 211 м
Население 5.637 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 80 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HI
Пошт. бр. 31195
Портал www.lamspringe.de
Местоположба на Ламшпринге во рамките на округот Хилдесхајм
Карта
Карта
Координати 51°57′0″N 10°00′0″E / 51.95000° СГШ; 10.00000° ИГД / 51.95000; 10.00000

Од 1 ноември 2016 година, поранешните општини Харбарнзен, Нојхоф, Зелем и Волтерсхаузен се дел од општината Ламшпринге. Сите тие биле дел од поранешната истоимена општинска заедница.

До спојувањето на поранешните општини, Ламшпринге поседувала пазарно право и со тоа имала некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, била означена како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.

Географија

уреди

Местоположба

уреди
 
Црквата во поранешниот манастир

Местото Ламшпринге се наоѓа на изворот на реката Ламе помеѓу Харплаге на североисток, Хебер на југоисток и Заквалд на запад. Се наоѓа помеѓу градовите АлфелдБад ЗалцдетфуртБокенемБад Гандерсхајм.

Големи градови во близина на Ламшпринге се: Хановер (50 км) и Хилдесхајм (30 км) на север, како и Гетинген (40 км) на југоисток. Друг голем град е Гослар (30 км) на исток.

Општински единици

уреди

Историја

уреди

Историски била позната како седиште на поранешната Опатија Ламшпринге, од која се останати црквата и други градби.

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди