Здравик
Здравик (грчки: Δραβήσκος, Дравискос, до 1926 г. Ζδράβικ, Здравик[2]) — село во Зихненско, Егејска Македонија, денес во општината Зелјахово на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.488 жители (2011).
Здравик Δραβήσκος | |
---|---|
Координати: 40°56′N 23°53′E / 40.933° СГШ; 23.883° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Зелјахово |
Општ. единица | Зелјахово |
Надм. вис. | 100 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1.488 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото е сместено во Серското Поле, околу 32 км југоисточно од градот Сер и 12 км јужно од Зелјахово. Лежи на северозападното подножје на планината Кушница, на надморска височина од 100 метри.[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Здравик било грчко село во Зихненската каза на Серскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Здравик живееле 200 Грци и 130 Роми.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 во Здравик живееле 250 Грци.[5]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во Здравик се запишани 264 жители, кои во 1920 г. се зголемиле 277 лица.[3]
Во 1922 г., селото било населено од грчки доселеници од Тракија, кои ја изградиле црквата „Свети Димитриј“[6]. Во 1926 г. селото Здравик било применувано во Дравискос.[2]
Стопанство
уредиГлавно занимање на населението е земјоделството, а претежно се произведуваат жито, памук, тутун и други земјоделски производи. Покрај земјоделството, во селото, внимание се посветува и на краварството.[3]
Во селото постојат бројни трговски и занаетчиски дуќани, како и други установи.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.743 | 2.061 | 2.140 | 1.569 | 1.759 | 1.520 | 1.660 | 1.488 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Општествени установи
уреди- Полициска станица
- Пошта
Културни и природни знаменитости
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ од 1850 г.
- Црква „Св. Преображение“ од 1927 г. — главна селска црква
- Црква „Свети Димитриј“ од XX век
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Πανδέκτης: Zdravik -- Draviskos“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2022-12-24.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 221–222.
- ↑ „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.15“. www.promacedonia.org. Посетено на 2022-12-24.
- ↑ Бранков, Д. М. (1905). „La Macédoine et sa Population Chrétienne“ (PDF).
- ↑ „Wayback Machine“ (PDF). web.archive.org. 2020-02-15. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-02-15. Посетено на 2022-12-24.