Надвор од законот (филм)
Надвор од законот (на англиски јазик: Down by Law) - американски филм од 1986 година, во режија на Џим Џармуш, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Том Вејтс, Џон Лури, Роберто Бенињи и Николета Браски.
„Надвор од законот“ | |
---|---|
Promotional poster | |
Режисер | Џим Џармуш |
Продуцент | Ален Клинберг |
Сценарист | Џим Џармуш |
Главни улоги | Том Вејтс Џон Лури Роберто Бенињи |
Музика | Џон Лури Том Вејтс |
Кинематографија | Роби Милер |
Монтажа | Melody London |
Премиера | 20 септември 1986 (limited) |
Времетраење | 107 минути |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Синопсис
уредиВо филмот е прикажаната судбината на тројца мажи. Зак (го игра Вејтс) е пропаднат диск-џокеј кој штотуку раскинува со девојката, кој лекомислено ја прифаќа понудената можност за брза заработка. Тој се согласува да пренесе еден автомобил од едниот на другиот крај од градот, без да знае дека пренесува убиен човек, но полицијата го застанува и го апси. Џек (го игра Лури) е ситен макро, кој наседнува на полициската замка и е уапсен поради заведување малолетничка. Двајцата завршуваат во истата ќелија во затворот при што од самиот почеток меѓу нив се раѓа отворено нетпрение. Набргу, во ќелијата пристигнува и трет затвореник, Роберто (го игра Бењини) - Италијанец кој многу малку го познава англискиот јазик. Еден ден, Роберто им кажува на своите другари од ќелијата дека случајно открил начин за бегство од затворот и утредента тие успеваат да побегнат. Меѓутоа, тие се заглавени во непрегледното мочуриште и никако не можат да излезат од него. Поради тоа, Зак и Џек паѓаат во очај и го напуштаат Роберто, но по бесцелно скитање, повторно се враќаат кај него. Најпосле, тие налетуваат на пуст пат, а потоа доаѓаат до скромен ресторан, сопственост на Италијанката Николета (ја игра Браски). Таа и Роберто се вљубуваат на прв поглед, така што тој одлучува да остане со неа, а Зак и Џек се разделуваат при што заминуваат по различни патишта.[1]
Осврт кон филмот
уредиФилмот зборува за апсењето, престојот в затвор и бегството на тројца мажи. За разлика од конвенционалните филмови за затвореници, овде повеќе се зборува за комуникацијата меѓу тројцата затвореници, а не многу за начинот на бегство. Главен елемент во филмот е бавното движење на камерата на Роби Милер, која ги прикажува архитектурата на Њу Орлеанс и мочуриштата во Луизијана. Посветен е на Паскал Огиер и Ензо Унгари, а бил бил прикажан на Канскиот филмски фестивал во 1986 година.[2] Неговиот рејтинг на Rotten Tomatoes изнесува 88%.[3]
Наводи
уреди- ↑ Pod rukom zakona, Fortissimo Films, 2007 (ISBN 978-86-7364-160-7).
- ↑ „Festival de Cannes: Down by Law“. festival-cannes.com. Архивирано од изворникот на 2014-10-09. Посетено на 2009-07-11.
- ↑ "Down by Law (1986)". rottentomatoes.com. Retrieved 2010-10-27.