Жоао Силва
Жоао Педро Переира Силва (роден на 21 мај 1990 во Вила даз Авеш), попознат како Жоао Силва, е португалски фудбалер, напаѓач на Палермо.
Жоао Силва | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 21 мај 1990 | ||
Роден во | Вила даз Авеш, Португалија | ||
Висина | м | 1,89||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Палермо | ||
Број | 10 | ||
Младинска кариера | |||
Авеш | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2009–2010 | Авеш | 30 | (14) |
2010-2012 | Евертон | 0 | (0) |
2011 | → Леирија | 12 | (4) |
2011-2012 | → Виторија Сетубал | 16 | (3) |
2012-2013 | Левски Софија | 27 | (7) |
2013-2014 | Бари | 43 | (8) |
2014- | Палермо | 0 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2009 | Португалија 20 | 3 | (0) |
2010-2011 | Португалија 21 | 11 | (3) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Клупска кариера
уредиАвеш
уредиРоден во Вила даз Авеш, Силва му се приклучил на младинскиот систем на локалниот клуб Деспортиво Авеш на возраст од 10 години. Тој бил промовиран во првиот тим во јули 2009 година и го направил своето професионално деби за клубот во текот на сезоната 2009-10, на гостувањето против Фреамунде на 16 август 2009 во натпревар што завршил без голови.[1] Веќе во својата прва сезона Силва бил од голема важност за клубот, завршувајќи како втор најдобар стрелец во лигата со 14 гола (во 30 настапи)[2] кој му помогнале на Авеш да заврши на удобно место во средината на табелата.
Евертон и позајмиците во Леирија и Сетубал
уредиСилва потпишал тригодишен договор за необјавена сума со англискиот Евертон, на 9 јуни 2010 година.[3] Меѓутоа во последните часови од следниот трансфер прозорец, без да направи ниту еден официјален настапи со карамелите, тој се вратил во Португалија, приклучувајќи и се на екипата на ФК Леирија на заем; На 14 мај 2011 година, во последното коло од сезоната, тој постигнал два од неговите четири гола за тимот во португалската елита, во ремито 3-3 на гостувањето против Бенфика.[4]
За кампањата 2011-12, Силва продолжува да игра во првата лига на неговата земја, приклучувајќи му се на Виторија Сетубал на едногодишна позајмица. Тој постигнал погодок во неговиот прв официјален натпревар, победата со 2-1 над Пасош Фереира стрелајќи во 91 минута од натпреварот; на 31 јануари 2012 година, тој бил отповикан од Евертон да се врати во својот матичен клуб.[5]
Левски Софија
уредиНа 9 јули 2012 година, Силва потпишал тригодишен договор со Левски Софија.[6] Тој го направил своето официјално деби десет дена подоцна, појавувајќи се како замена во натпревар од Лигата на Европа против ФК Сараево. Портуалецот ја започнал сезоната како резерва на Базил де Карваљо. На 27 октомври започнал како стартер во натпреварот против Локомотив Пловдив и го постигнал својот прв гол за новиот тим. Во декември истата година Силва постигнал два гола против екипата на Славија во 15-тото коло и бил избран за играч на колото. Најважниот гол за Левски по доаѓањето во клубот го постигнал во 90-тата минута од вечното дерби против ЦСКА Софија за да му донесе победа на својот тим од 2-1.[7] Тој влегол во игра и постигнал гол во финалето на Купот на Бугарија, каде Левски бил поразен по изведување на пенали со 6-4 од Берое.
Бари и Палермо
уредиОткако бил ослободен од неговиот претходен клуб, Жоао Силва му се пприклучил на Бари откако го формализирал трансферот на 31 август 2013. Тој дебитирал во Серија Б истиот ден, влегувајчи на местото на Марко Ецио Фосати во натпреварот против Бреша. На 13 октомври 2013 година го постигна својот прв гол во црвено-белиот дрес на домашен терен против Кротоне. Сезоната ја завршил со 8 гола.
На 1 септември 2014, Бари се согласил за продажба на Жоао Силва во Палермо. Тој потпишал тригодишен договор со новопромовираниот тим во Серија А.[8]
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ SC Freamunde-Desportivo Aves 0-0
- ↑ Gamble, Matthew (9 June 2010). „Blues sign Silva“. Everton F.C. Архивирано од изворникот на 2010-06-12. Посетено на 10 June 2010.
- ↑ „Everton sign Portuguese striker Joao Silva“. BBC Sport. 9 June 2010. Посетено на 10 June 2010.
- ↑ „Porto complete unbeaten season“. FIFA.com. 15 May 2011. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 18 May 2011.
- ↑ „Everton recalls João Silva from V. Setúbal“ (португалски). Zero Zero. 1 February 2012. Посетено на 1 February 2012.
- ↑ „Levski bought Everton's striker“ (бугарски). Sportal. 9 July 2012. Архивирано од изворникот на 2012-09-14. Посетено на 9 July 2012.
- ↑ „Жоао Силва прати Левски в екстаз“ (бугарски). Sportal. 27 април 2012. Посетено на 9 јули 2012.
- ↑ Acquistato Joao Silva dal Bari Архивирано на 29 ноември 2014 г. Palermocalcio.it