Ернест (војвода на Австрија)

(Пренасочено од Ернест Железниот)

Ернест (германски: Ernst, der Eiserne, роден во 1377 во Брук ан дер Мур - починал на 10 јули 1424 во Брук ан дер Мур) — владетел од Хабсбуршката династија како војвода на Австрија, војвода од Штаерска, војвода од Корушка и војвода од Крањска во периодот од 1406 до 1424 година.

Ернест
Војвода на Австрија
Роден(а)1377
Брук ан дер Мур
Починал(а)10 јуни 1424(1424-06-10)
Брук ан дер Мур
Благородно семејствоХабсбуршка династија
Сопружник(ци)Маргарета
Кимбурга Мазовиска
Деца
Фридрих III
Маргарета
Албрехт VI
Катарина
Ернест
Александра
Ана
Рудолф
Леополд
ТаткоЛеополд III
МајкаВиридис Висконти

Рани години

уреди

Ернест бил син на војводата Леополд III и Виридис Висконти. Во 1386 година неговиот татко бил убиен во Битката кај Семпах. Нивниот чичко Албрехт III ги управувал териториите на нивниот татко бидејќи Ернест, заедно со неговите браќа Леополд, Вилхелм и Фридрих биле малолетни.

Управување

уреди

По смртта на најголемиот брат Вилхелм на 15 јули 1406 година, Ернест во 1406 година ја добил Штаерска, Корушка и Крањска и заедно со својот брат Леополд (1371 - 1411), имал туторство на малолетниот Албрехт V, кој подоцна бил избран за римско-германски крал под името Албрехт II. Во 1407 година избувнала граѓанска војна која завршила во мај 1409 година[1].

На 18 март 1414 година Ернст започнал да се нарекува надвојвода. Во 1414 година Ернест станал Ерусалимски рицар, чувар на Светиот Гроб. Од 1412 година имал неколку конфликти со кралот Сигизмунд Луксембуршки.

Ернест починал во 1424 година во Брук ан дер Мур. Неговиот гроб се наоѓа во манастир на Рајна до Грац. Дополнителното му име „Железниот“ започнало да се употребува дури по неговата смрт.

Семејство

уреди

На 14 јануари 1392 година во Брук ан дер Мур се оженил за принцезата Маргарета (1366 - 1407), ќерка на војводата Богислав V од Померанија (1326 - 1374) и неговата сопруга принцезата Аделхајд фон Брауншвајг-Грубенхаген (1341 - 1406). Од овој брак не им се родиле деца.

Во 1412 година во Брук ан дер Мур се оженил за Кимбурга Мазовиска (1394 - 1429), ќерка на војводата Зимовит IV (1350 - 1426) и неговата сопруга Александра од Литванија (1360 - 1434). Тие имале девет деца:

Наводи

уреди
  1. Rudolf IV. der Stifter (англиски). Austria-Forum. Посетено на 14 март 2016.

Надворешни врски

уреди
Ернест (војвода на Австрија)
Роден(а): 1377 Починал(а): 10 јули 1424
Владејачки титули
Претходник
Вилхелм
Војвода од Штаерска
Војвода од Корушка
Војвода од Крањска

1406–1424
Наследник
Фридрих &
Албрехт VI