Леополд III (војвода на Австрија)

Леополд III (германски: Leopold III der Gerechte, роден на 1 ноември 1351 во Виена - починал на 9 јули 1386 во Семпах) — владетел од Хабсбуршката династија како војвода на Австрија (1365–1379), војвода од Штаерска, војвода од Корушка и војвода од Крањска и гроф од Тирол (1365–1386)[1].

Леополд III
Војвода на Австрија
Владеење1365 - 1395
ПретходникРудолф IV
НаследникАлбрехт III
Роден(а)1 ноември 1351
Виена
Починал(а)9 јули 1386
Семпах
Закопан(а)манастир Свети Павле
Сопружник(ци)Виридис Висконти
Деца
ТаткоАлбрехт II
МајкаЈохана фон Пфирт

Рани години

уреди

Леополд III бил син на војводата Албрехт II и Јохана фон Пфирт.

Управување

уреди

Неговиот татко Албрехт II во 1355 година го основал Хабсбуршкиот домашен ред, според кој неговите синови заедно и со еднакви права треба да ја водат земјата. Кога тој починал на 20 јули 1358 година, најголемиот негов син Рудолф IV го презел управувањето на териториите, бидејќи другите негови три сина биле малолетни.

Во 1364 година Рудолф IV го основал Рудолфскиот домашен ред, според кој хабсбуршките територии се заедничка сопственост на сите браќа со потписите на тројцата браќа. (Фридрих III починал во 1362 година). По неколку месеци Рудолф IV починал ненадејно на 26 години и двајцата браќа Албрехт III (кој имал 15 години) и Леополд III (кој имал 16 години) започнале да управуваат заедно. Поголемиот брат Албрехт ја имал водечката улога. Наскоро тие дошле до конфликт[1].

Со договорот од Нојберг од 25 септември 1379 година Албрехт ја добил Австрија, додека Леополд го добил Тирол, Штаерска, Корушка, Крањска, Горица итн. Така презимето Хабсбург се поделило на Леополдска и Албрехтска линија.

Во 1386 година Леополд бил убиен во Битката кај Семпах. Тој бил погребан во манастир Свети Павле во Корушка. Албрехт станал регент на сите хабсбуршки територии бидејќи синовите на Леополд биле малолетни. Албрехт починал во 1395 година и бил наследен од неговиот син Албрехт IV, но наскоро синовите на Леополд успеале да си ги вратат териториите.

Семејство

уреди

Леополд се оженил во 1365 година во Виена за Виридис Висконти, ќерка на Војводата Бернабо Висконти од Милано. Тие имале четири деца:

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Rudolf IV. der Stifter (англиски). Austria-Forum. Посетено на 14 март 2016.

Надворешни врски

уреди
Леополд III (војвода на Австрија)
Роден(а): 1 ноември 1351 Починал(а): 9 јули 1386
Владејачки титули
Претходник
Рудолф IV
Војвода на Австрија
1365–1379
со Албрехт III
Наследник
Албрехт III
како sole duke
Војвода од Штаерска
Војвода од Корушка
Војвода од Крањска
Гроф од Тирол

1365–1386
со Албрехт III (1365–1379)
Наследник
Вилхелм
и Леополд IV