Црква „Св. Ѓорѓи“ - Елшан

црква во Елшан, Серско

Свети Ѓорѓи (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Елшан, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Црквата е парохиски храм.

Свети Ѓорѓи
Αγίου Γεωργίου
Карта
41°7′57.5″N 23°18′30.4″E / 41.132639° СГШ; 23.308444° ИГД / 41.132639; 23.308444
МестоЕлшан, Серско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типкрстокуполен храм
Изградба1967 – 1984
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Историја

уреди

Камен-темелникот на црквата е поставен на 31 мај 1967 г., а храмот е завршен во 1984 г. Изградена е на местото на постара урната црква со средства на верниците. Осветена е на 21 септември 1984 г. од митрополитот Максим Серско-нигритски. Градбата претставува крстокуполен храм.[1]

Во парохијата припаѓаат и црквите „Св. Петка“ и „Св. Преображение“.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Ιερός Ναός Ἁγίου Γεωργίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 1 ноември 2018.