Езера во Македонија
Во Македонија има над 160 езера.[1] Од нив по природен пат се настанати повеќе од 50, а другите претставуваат вештачки акумулации.
Според начинот на настанокот на езерските базени, тие се делат на:
По своето значење се истакнуваат тектонските езера, како што се:
Природните постглацијални езераезера се делат на:
Од нив позначајни се:
- Боговинското Езеро,[2].
- Големото и Малото Пелистерско Езеро,
- Црното Езеро,
- Караниколичкото Езеро,
- Подгоречкото Езеро и др.
Најниското планинско езеро се наоѓа на височина од 1.565 м (езерото Локув на планината Дешат)[3], а највисокото на 2.470 м (езерото Голем Кораб на планината Кораб).
Засега единствен пример на урниски тип езера во Македонија е Моклишкото Езеро, кое е настанато во долината на Ваташка Река, со урнување на една од долинските страни и со преградување на речната долина.
Единствен пример на крајбрежно-изворски тип езера во Македонија е езерото Острово кај манастирот „Свети Наум“.
Органогените езера се зачувани на мали и ограничени површини во мочуришните терени. Тие се настанати со седиментација на органска материја при уништување на некогашните езера. Нив во минатото ги имало повеќе, а денес позначајни се:
- Сини Вирој,
- Новоселски Вир 1,
- Новоселски Вир 2 (во сливот на р. Сатеска), во Дебрца и на други места.
Вештачките езера претставуваат посебен тип езера кои ги гради човекот и нивната вода се користи за повеќе намени.
Галерија
уреди-
Охридското Езеро се смета за македонски бисер.
-
Езерото Козјак, најголемото вештачко езеро во Македонија.
-
Боговинското Езеро е најголемото ледничко езеро во Македонија
-
Острово, претставува единствен пример на крајбрежно-изворски тип езера во Македонија
- Тектонски езера
- Леднички езера
- Природни езера од вулканско потекло
Литература
уреди- Драган Василевски, Класификација на езерата во Република Македонија според начинот на постанокот на езерските басени, „Географски разгледи“, кн. 30. Скопје, 1995.
Наводи
уреди- ↑ Godišen zbornik: Annuaire - Faculté des sciences naturelles de l' Université Kiril et Metodij, Skopje. Institut de geographie, Band 17-18
- ↑ Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina
- ↑ Езерото Локув - нова туристичка атракција
„Езера во Македонија“ на Ризницата ? |