Моклишко Езеро
Моклишко Езеро — урниско езеро во Тиквешијата, сместено близина на месноста (и некогашно село) Моклиште, 3 км јужно од приградската населба Ваташа на Кавадарци. Езерото е настанато по природен пат со свлекување на огромни количини земја од ридот Градот.[1]
Моклишко Езеро | |
---|---|
Поглед на езерото | |
Координати | 41°23′30″N 22°02′15″E / 41.39167° СГШ; 22.03750° ИГД |
Вид | урниско |
Главни приливи | Ваташка Река |
Главни истеци | Ваташка Река |
Сливни земји | Македонија |
Езерото е едно од најмладите хидрографски објекти во Европа и е единствен пример за урниско езеро, настанато со уривање на една од долинските страни на Ваташка Река (месен назив на Луда Мара).[2]
Историја
уредиЕзерото настанало во 1956 година со урнување на ридот познат под името „Градот“, така што ја преградило долината на Бунарска Река во месноста Моклиште и таа е заезерена.[1]
Утрото на 5 септември 1956 година меѓу 6 и 7 часот додека се вршело меринизација на овците од Земјоделската задруга „Возарци“ во месноста Градот, при тектонско поместување на земјиштето, се одронил огромен комплекс на земјишна маса со камења, при што буквално бил затрупан и покриен простор во должина од 1.000 метри и ширина 400 метри. На одредени места натрупаната земја достигнувала и до 100 метри длабочина. Се проценува дека при оваа катастрофа се поместила земјишната маса од 12 до 15 милиони кубни метри. Во оваа несреќа животот го загубиле 11 луѓе и 1.200 овци.[3]
Брана
уредиПреградата е со димензии 30-50 метри височина, а круната на браната изнесува 400 метри.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Група автори (2016). „Езера во Република Македонија“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 28. ISBN 978-9989-110-90-0.
- ↑ „Моклишко езеро – најмлад природен хидрографски објект во светот“. Vardarski. Посетено на 13 март 2018.[мртва врска]
- ↑ М., Ми. (5 септември 2016). „Шеесет години од големата природна катастрофа во Моклиште“. Нова Македонија. Посетено на 13 март 2018.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Моклишко Езеро на Ризницата ?