Караниколичко Езеро
Караниколичко Езеро (Големо Караниколичко Езеро или Голем Ѓол) — првото и најголемо ледничко езеро од трите кои го носат името Ѓол на Шар Планина. Тоа е природно ледничко езеро кое се наоѓа на Караниколскиот простор. Од него истекува Караниколска Река.
Караниколичко Езеро Големо Караниколичко Езеро Голем Ѓол | |
Површина | 27.020 м2 |
Должина | 296,1 м |
Ширина | 116,9 м |
Обем | 723,3 м |
Длабочина | 5,6 м |
Надморска висина | 2.190 м |
Планина | Шар Планина |
Караниколичко Езеро на Ризницата |
Езерото се наоѓа во сливното подрачје на реката Пена, под врвот Караникола.[1]
Одлики
уредиЕзерото е долго 590, а широко е 115 метри. Вкупниот обем му изнесува 675 m и има површина од 26.240 m². Длабоко е 5,60 метри. Се одликува со елипсовиден облик издолжен во правец од север кон југ, кој на источната страна има крива форма, а додека на западната е праволиниски. Има стрмни брегови. Езерото има многу подводни извори, кои се наредени најчесто еден до друг.
Голем Ѓол нема притоки, туку својата вода ја добива исклучиво преку подводните извори. Највисок водостој езерото има во пролет.[2] Водата е млака, но не се одликува со беспрекорна чистина поради загадувањата што ги прави добитокот. Сепак заради длабочината, езерото има темносина и зеленкаста боја. Според потеклото и настанокот Караниколичкото Езеро е циркно односно има ерозивно-циркно потекло, односно тоа е настанато во преиздлабениот дел на циркот каде што започнале да се движат планинските мразници, при што тоа е најголемото циркно езеро на Шар Планина.[3] Поради пријатната топлина на водата и преубавите глетки на околината, во летниот период тоа е многу посетено од капачи, планинари, излетници и рибари.
Мерења во 2020 г.
уредиПред прогласувањето на новиот национален парк „Шар Планина“, во извршената студија за валоризација на паркот се дадени мерењата дека езерото има површина од 27.020 м2, длабоко е 5,6 метри, долго е 296,1 метар, широко е 116,9 метри, а средната широчина му изнесува 91,3 метри. Должината на бреговата линија е 723,3 метри, а коефициентот на развиеност 1,24.[1]
Лековитост
уредиПознатиот југословенски научник и алпинист, а пред сè голем љубител на Шара Душан Кривокапиќ, испратил примероци на водата до републичкиот хигиенски завод со кое се дознало дека водата има слаба кисела реакција,[4] бидејќи pH вредноста снесувала 6,5, а од сувиот остаток и тврдоста се гледало дека водата е мошне мека. Поради самата реткот водата да има вредност под 7,0 pH, ова го прави езерото единствено во Македонија и едно од неколкуте на Балканот со таква ретка вредност.
Во тетовскиот крај, а особено жителите на селата Вешала и Бозовце водата ја сметаат за лековита која лечи ревматизам и очни заболувања.
Галерија
уреди-
Поглед на Караниколичкото Езеро
-
Глетка од Караниколичкото Езеро од југоисток
-
Глетка од Караниколичкото Езеро од север
-
Бистрите води на големото Караниколичко Езеро
-
Глетка од Караниколичкото Езеро
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „СТУДИЈА ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ШАР ПЛАНИНА“ (PDF). Министерство за животна средина. 2020. Посетено на 29 јануари 2022. line feed character во
|title=
во положба 31 (help) - ↑ Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 51
- ↑ Василески, Драган (1995). „Класификација на езерата во Р Македонија“. Географски разгледи. 30: 75.
- ↑ Šar planina-Turističko-geografski prikaz predela i naroda, Autor: Dušan Krivokapić
Надворешни врски
уреди- Караниколичко Езеро на Ризницата ?